Почетна » Новости » Занимливости » „Можеби не те удрил, но...“: Емотивен текст ја подигнува свеста за насилството врз жените

„Можеби не те удрил, но...“: Емотивен текст ја подигнува свеста за насилството врз жените

Насилството не е секогаш во форма на модро око, раскрвавени усни, модринки по телото... Понекогаш тоа е невидливо и незабележливо за надворешниот свет.

Жена преку емотивен текст и примери од нејзиниот личен живот ја подигнува свеста за психичкото насилство.

Објавата на Келси Бејкер брзо стана вирален хит на социјалните мрежи, бидејќи многумина се пронајдоа себеси во неа. Прочитајте ја:

Келси Бејкер

Можеби не те удрил, но те натерал да се извиниш што си се вознемирила за нешто што тој го направил за да те повреди.

Можеби не те удрил, но направил да внимаваш на секоја постапка, секој ден, за тој да биде доволно задоволен за да остане смирен и среќен.

Можеби не те удрил, но ти ја украл смислата за комфор и безбедност, правејќи те параноична и „луда“.

Па, што ако во вторник ти донесол цвеќе и направил да се чувствуваш како принцеза, ако во среда те натерал да плачеш додека не заспиеш зашто „сомнително“ момче ти ја лајкнало фотографијата. Можеби во петок ти подарил обетки и направил да се чувствуваш безбедно, но ти рече дека во сабота вечер ќе спие со некоја друга само затоа што ти одлучи првпат во животот да го кажеш твоето мислење. Можеби ти подарил билети за концерт и направил да се чувствуваш убава додека си ја виткаше косата и го облекуваше фармерското здолниште пред да излезете... Само за да ти го тресне мобилниот телефон од бетонот и да направи да плачеш седната на тротоарот, бидејќи тој бил љубоморен на некој тип кој стоел покрај тебе на концертот. Можеби ти направи сè правилно, но тој сè уште глумеше жртва за да не мора да се мачи да ги исправува неговите грешки.

Ова не е во ред. И ти не си виновна.

Не се извинувај за неговите грешки. Не му дозволувај да те уништи тебе за да се издигне себеси повисоко. Ти заслужуваш љубов и среќа и почит.

Те молам, не чекај да се промени додека тој безмилосно ти ја вади душата и уништува сè што некогаш си била. Те молам, никогаш не си вели себеси дека тоа е во ред и никогаш не си дозволувај да се помириш со тоа.

Тој е расипан. Не дозволувај да те расипе и тебе.

Откако добила илјадници пораки, Бејкер напиша:

Неверојатно е колку љубов и поддршка произлезе од овој пост. Ви благодарам на сите за вашите мили зборови, ми значи повеќе одошто можете да претпоставите. Чувствувајте се слободни да ми пишете порака за што било. Никој не треба да страда во самотија.

Свесна сум и дека многу мажи минуваат низ истото искуство како мене, ако не и повеќе од жените. Постот едноставно беше дел од мојата лична приказна во момент на ранливост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11693 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.