Почетна » Новости » Занимливости » Обој го светот во портокалово: Стоп за насилството врз жените!

Обој го светот во портокалово: Стоп за насилството врз жените!

Светот се обединува за да каже КРАЈ на насилството врз жените. Со глобалната порака #HearMeToo започна кампањата „16 дена на активизам за спречување на насилството врз жени и девојчиња“, која ќе трае до 10 декември, односно Денот на човековите права.

Целта на кампањата е зголемување на свеста и преземање на конкретни мерки за прекинување на насилството врз жените и девојчињата.

Насилство врз жените

„Независно дали е дома, на улиците, или за време на војна, насилството врз жените е прекршување на човековите права од пандемски размери кое се случува јавно и приватно. Насилството врз жените и девојчињата се манифестира во физички, сексуални и психички форми“ – информира UN Women.

Насилство врз жените

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Насилство врз жените

Кампањата „Обој го светот во портокалово“ подразбира најразлични активности како дебати, симболични собири, осветлување на важни споменици и објекти во портокалово светло.

Портокаловата боја ја симболизира светлата и оптимистичка иднина во која нема насилство врз припадничките на понежниот пол.

Насилство врз жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11662 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.