Почетна » Новости » Занимливости » Мис Индијана: „Одев на солариум речиси секој ден, добив рак на кожата на 25 години“

Мис Индијана: „Одев на солариум речиси секој ден, добив рак на кожата на 25 години“

Британи Винчестер, девојката која пред два дена ја претставуваше Индијана на изборот „Мис САД“, ја раскажа својата приказна и отворено зборуваше за ракот на кожа, целејќи да ја подигне свеста за опасностите од користењето солариум.

За Cosmopolitan, 27-годишната убавица призна дека нејзината желба да има темен тен и посетувањето на солариум уште од тинејџерските години, довело до страшната дијагноза.

„Сончањето“ во солариумот предизвикало на Британи на 25-годишна возраст да ѝ биде дијагностициран карцином на базални клетки на стомакот и на грбот.

Мис Индијана

Винчестер за првпат отишла на солариум пред нејзината матурска вечер. „Сакав да бидам потемна. Па започнав да користам солариум и ми се допадна. Тоа беше најрелаксирачкиот момент од мојот живот. Беше топло и комфорно и стигнав до момент кога можев дури и да дремнам внатре. Обожавав како изгледав“ – вели таа.

Британи тврди дека темниот тен ѝ ја зголемил самодовербата. „Како тинејџер, изгледот ти е многу важен. Тоа е време кога најмногу си загрижен за тоа што луѓето мислат за тебе и како изгледаш однадвор. Одев во солариум секој ден, максимално што ми беше дозволено“ – додала таа.

Мис Индијана

Откако многумина започнале да ја предупредуваат за опасностите од солариумот, згодната Американка започнала да оди на дерматолог за проверка на кожата. „Кога одев на дерматолог, честопати наоѓаа области на кожата кои им изгледаа сомнителни, или ме праќаа да отстранам бемки и да направам биопсија. Резултатите од биопсиите излегуваа негативни. Но во 2015 година, направив три биопсии кои НЕ излегоа негативни. Дијагноза: Имав карцином на три базални клетки, две на стомакот и една на грбот“ – објаснува таа.

Мис САД 2017

За да го спречат ширењето на ракот, докторите морале да ѝ ги отстранат зафатените делови. Тие отсекле поголеми делови од кожата, од сите зафатени области, за да ги отстранат сите клетки кои имало шанси да бидат зафатени од ракот.

Мис Индијана

„Мојата цел како Мис Индијана е да го искористам мојот глас и личната приказна за да ја подигнам свеста за рак на кожата. Да го искористам негативното што ми се случи мене и да го претворам во нешто позитивно“ – вели Британи.

Мис Индијана Мис Индијана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.