Почетна » Новости » Занимливости » „Мила Мамо, не се сеќавам дали куќата ни беше чиста, но се сеќавам на твојата љубов“: Текст од гледна точка на детето

„Мила Мамо, не се сеќавам дали куќата ни беше чиста, но се сеќавам на твојата љубов“: Текст од гледна точка на детето

Блогерка со текст напишан од гледна точка на детето ги потсетува мајките на она што е навистина важно за време на мајчинството – љубовта кон децата.

Џесика е мајка на две деца која испраќа порака дека кога децата ќе пораснат, нема да се сеќаваат на чистиот дом, на новата количка, на скапите играчки, на шминката на Мама... Она на што ќе се сеќаваат е дека се чувствувале безбедно, топло и сакано. Преку нејзиниот текст, Џесика ги охрабрува мајките да ги поттурнат обврските на заден план и да се фокусираат на квалитетно поминатото време со децата.

Мајка и дете

Мила Мамо,

Не се сеќавам дали нашата куќа беше мала или голема, дали беше под наем или ја поседувавме.

Не се сеќавам дали ти имаше фенси автомобил или пак моравме да се возиме со автобус.

Не се сеќавам дали куќата беше чиста и уредна или беше покриена со купови валкана облека и расфрлани играчки.

Не се сеќавам дали мојата количка беше нова или од втора рака или дали ми купуваше дизајнерска облека и нови играчки кои беа тренд.

Не се сеќавам дали се дотеруваше или воопшто не носеше шминка на лицето, тоа секогаш ми изгледаше совршено.

Не се сеќавам дали имаше многу пари или пак едвај врзувавме крај со крај.

Не се сеќавам дали излегувавме секој ден или дали одевме на скапи одмори.

Не се сеќавам како понекогаш ти беше лута или плачеше или излегуваше од собата за да се издишеш.

Не се сеќавам на распоредите, на листите со обврски или на очекувањата, на ништо друго освен на тебе.

Она на што се сеќавам е дека се чувствував безбедно.

Се сеќавам на твојата удобност и колку топлина ми даваше.

Се сеќавам на твоето лице застанато над мене додека плачев по тебе.

Се сеќавам дека ме хранеше кога бев гладна или уморна или кога нешто ме болеше.

Се сеќавам на твојот мирис и како тој ме успиваше, понекогаш во 2 часот наутро, а потоа повторно во 4 наутро.

Се сеќавам на твојата насмевка, таа беше првата причина поради која се насмевнав.

Се сеќавам како си играше со мене и како седеше со мене на подот, уште пред да можам да се исправам на нозе.

Се сеќавам дека ме научи на љубов пред сè останато и дека тоа беше константа во мојот живот.

Се сеќавам дека таа беше единственото нешто што ми беше потребно и ти ми го даваше без јас воопшто да се трудам, поради тоа уживав во неа.

Ти благодарам што ме научи дека љубовта нема граници, дека е безусловна и искрена.

На ова ќе се сеќавам Мамо.

Ти благодарам што ми ги подари најубавите спомени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10508 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.