Почетна » Новости » Занимливости » „Ми недостигаше“: Бабички кои биле најдобри пријателки 78 години се вселија во ист старечки дом

„Ми недостигаше“: Бабички кои биле најдобри пријателки 78 години се вселија во ист старечки дом

Вистинските пријателства траат вечно, а тоа го докажуваат Кетлин Шавил и Олив Вудвард.

89-годишните бабички се најдобри другарки веќе 78 години, а сега се вселија во истиот старечки дом, за заедно да го поминат остатокот од нивните животи.

Кетлин Шавил и Олив Вудвард

Верните пријателки се запознале на 11-годишна возраст и инстантно се поврзале. Тие седеле во иста клупа во училиште, а нивното дружење продолжило и откако станале сопруги и мајки.

Бидејќи нивните сопрузи работеле во иста компанија, Кетлин и Олив живееле многу блиску една до друга. Кетлин го загубила својот сопруг во 1989 година, додека сопругот на Олив починал во 2004 година.

Кетлин Шавил и Олив Вудвард

Минатата година Кетлин се преселила во домот за стари лица „Berry Hill Park“. Нивната разделба била тешка, па Олив сега одлучи да се пресели во истиот старечки дом за да биде блиску до својата сакана пријателка.

„Кога Кетлин се пресели во домот, ми недостасуваше и одев да ја посетам секоја сабота за ручек. Тогаш си помислив: ‘Зошто да не се преселам и јас?’ Ако сум несреќна и тажна, во секое време ќе можам да одам кај Кетлин. Нашите средби секогаш завршуваат со смеа“ – изјавила Олив.

Кетлин Шавил и Олив Вудвард Кетлин Шавил и Олив Вудвард

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.