Почетна » Новости » Занимливости » Меланија Трамп со јакна со натпис „Не ми е гајле“ за посета на деца-имигранти го разбесни светот

Меланија Трамп со јакна со натпис „Не ми е гајле“ за посета на деца-имигранти го разбесни светот

Намерно или ненамерно, Меланија Трамп направи моден кикс кој предизвика револт и море критики.

На нејзината посета на центар за деца-имигранти на границата на Тексас со Мексико, таа тргна со јакна со контроверзен натпис: „Мене навистина не ми е гајле, а вам?“. Зелената јакна доаѓа од популарниот бренд Zara.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Иако по слетувањето во Тексас, Меланија ја соблече јакната, нејзиниот моден избор беше остро осуден.

Посетата на Меланија доаѓа непосредно по одлуката на Доналд Трамп да се прекине разделувањето на децата-имигранти од нивните родители, пракса која неговата администрација ја спроведе за да го намали нелегалното преселување од Мексико во САД.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Директорката за комуникации на Првата дама на САД се огласи со порака дека медиумите треба да се фокусираат на работата на Меланија, а не на нејзината облека.

Доналд Трамп сподели дека сепак Меланија сакала да испрати порака со својата облека, но не за децата, туку за медиумите. „'Мене навистина не ми е гајле, а тебе?' испишано на грбот на јакната на Меланија се однесува на Медиумите за Лажни Вести. Меланија научи колку нечесни се тие и навистина повеќе не ѝ е гајле!“ - напиша тој.

Меланија се соочи со сличен бран критики кога минатата година се упатуваше кон Тексас за да ги посети настраданите од ураганот Харви. Тогаш таа беше фотографирана пред Белата куќа во елегантни салонки и многумина побрзаа да искоментираат дека тоа не се соодветни обувки за посета на место погодено од природна катастрофа и дека се „навредлив“ моден избор. И покрај тоа што таа се пресоблече во авионот и слета во Тексас во лежерна комбинација со патики, коментарите не престанаа да се множат.

Меланија Трамп

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.