Почетна » Новости » Занимливости » Мекензи Скот донира 4 милијарди долари за само 4 месеци

Мекензи Скот донира 4 милијарди долари за само 4 месеци

Meкензи Скот, најбогатата жена на светот, за само 4 месеци донираше 4,2 милијарди долари за да им помогне на 384 добротворни организации во САД и Порторико. Во текот на тешката 2020 година, Скот донираше вкупно 6 милијарди долари.

Meкензи Скот

50-годишната поранешна сопруга на основачот на Amazon, Џеф Безос, со помош на асистенти избра „организации со силни лидерски тимови и резултати, со посебен акцент на оние кои им помагаат на заедници кои имаат недостиг на храна, кои се соочуваат со расна нееднаквост и високо ниво на сиромаштија“.

„Оваа пандемија беше разорна точка во животите на Американците кои веќе се соочуваа со тешкотии. Економските загуби, како и здравствените исходи, беа многу полоши за жените, за луѓето од другите раси и за луѓето кои живееја во сиромаштија. Во меѓувреме, значително се зголеми богатството на милијардерите“ – вели таа.

Безос, кој беше во брак со Мекензи 26 години, е најбогатиот човек на светот. Се проценува дека неговото богатство изнесува 185 милијарди долари, што е за 113 милијарди повеќе од почетокот на пандемијата. Неговото богатство е поголемо од бруто-домашниот производ на најголем број од земјите во светот.

Кога се разведоа, Мекензи доби 4% од акциите на Amazon и нејзиното богатство беше проценето на 38 милијарди долари. Пандемијата го удвои нејзиното богатство на 62 милијарди.

Мекензи Скот Мекензи Скот Мекензи Скот

Минатата година, Скот вети дека ќе ги врати парите кај луѓето кои помогнале да се генерираат и дека ќе го направи тоа внимателно.

„Имам прекумерно пари за споделување. Мојот приод кон филантропијата ќе продолжи да биде внимателен. Ќе треба време и труд и грижа, но јас нема да чекам. И ќе продолжам така додека сефот не биде празен“ – вели Мекензи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11159 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.