Почетна » Новости » Занимливости » „Мајчинството треба да биде споделено“: Текст потсетува дека секоја мајка има потреба од своите пријателки

„Мајчинството треба да биде споделено“: Текст потсетува дека секоја мајка има потреба од своите пријателки

Мајчинството честопати ги оддалечува жените од пријателките, ги поттикнува да се фокусираат целосно на потребите на нивното бебенце и да заборават на останатиот свет. Но, тоа најчесто води до изолација и чувство на осаменост кај нив.

Основачките на Momstrosity во свој текст ги советуваат мајките да пронајдат барем една личност која ќе биде покрај нив во добро и лошо, која ги поддржува и советува и со која ќе можат да разговараат за сите проблеми. Тие тврдат дека мајчинството не треба да води до изолација, туку дека треба да биде споделено.

Пријателки

Дами, кога би можела да ви понудам парче совет од светот на мајчинството, тоа е овој: Пронајди ја твојата личност.

Не најслатката бебешка торба. Не најлуксузниот автомобил или најскапата градинка. Не седиштето кое се претвора и во количка, и во столче за хранење, а може да биде и ракетен ранец.

Пронајди ја личноста која ќе дојде кај тебе и ќе го држи бебето кога сè што ти е потребно е туш и кратка дремка.

Пронајди ја личноста која ќе те оттргне од работ кога ќе бидеш убедена дека правиш сè погрешно.

Пронајди ја личноста која ќе те утеши и нема да ти суди кога ти е преку глава од долната облека на сопругот исфрлена покрај корпата, а не во неа.

Пронајди ја личноста на која твојот тинејџер ќе може да ѝ се јави кога ќе има проблем кој не е подготвен да го дискутира со тебе.

Пронајди ја личноста која ќе биде подготвена да откаже сè за пијачка и мезе по напорниот ден, без да поставува никакви прашања.

Пронајди ја личноста која ќе сака да води тешки разговори со тебе. На која не ѝ пречи да ти ја плесне вистината во лице, дури и кога таа боли.

Пронајди ја личноста која ќе може да намине кај тебе и кога куќата ти е хаос без тебе воопшто око да ти трепне, бидејќи знаеш дека нејзе не ѝ е гајле, а не ти е ниту тебе.

Кога нештата се тешки, лесно е да се повлечеш во себе. Да дозволиш осаменоста да те обземе. Да се обидеш да ги решаваш големите проблеми сама. Но, тоа не е начинот. Растењето деца е тешка работа и навистина е потребна поддршка.

Сопрузите се прекрасни дарови, но понекогаш, жената има потреба од нејзината најдобра пријателка. Мајчинството не е создадено за да го минуваме сами. Не е создадено за да нè фрли во изолација. Тоа бара од нас да се држиме цврсто за оние кои нè сакаат и нè поддржуваат. Мајчинството е хаотично, тешко, прекрасно и лудо – и треба да биде споделено.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.