Почетна » Новости » Занимливости » Мајката од Копенхаген која носеше тројка откри зошто сè уште изгледа како да е бремена

Мајката од Копенхаген која носеше тројка откри зошто сè уште изгледа како да е бремена

Марија од Копенхаген, која стана хит на интернет со фотографиите со кои ја документираше бременоста со тројка, откри зошто сè уште изгледа како да е бремена.

Марија

Неодамна, нејзе ѝ била дијагностицирана дијастаза на стомачните мускули или diastasis recti. 36-годишната мајка продолжува на Instagram да го документира својот живот и да споделува со кои проблеми се соочува по породувањето.

Разделувањето на меките структури на стомачните мускули е една од најчестите причини зошто многу нови мајки имаат големо стомаче по породувањето. Се смета дека околу 30% од мајките имаат diastasis recti. Сепак, кај Марија тоа е поизразено поради големото растегнување на мускулите на стомакот.

Марија Марија

Таа во моментов вежба со личен тренер специјализиран за оваа состојба со цел правилно да ги закрепне мускулите на торзото.

Марија Марија

По бременоста, имам разделување на моите стомачни мускули (дијастаза на стомачните мускули или diastasis recti). Исто така, имам и проблеми со положбата на телото, со дишењето и со воспалени мускули поради сите тие хранења на бебињата. Сето тоа е поврзано со слаби мускули на торзото и сето тоа има потреба од стручна помош за ефективно да ги опоравам моите стомачни мускули.

Започнав да работам со тренер кој има специјализирано во лекување на дијастаза кај жени по породувањето. По првичното прегледување на моите стомачни мускули, ме натера да правам едноставни вежби со дишење и основни вежби за торзото. Таа вели дека бебешките чекори се клучни тука. Подоцна ќе работиме подетално на положбата на телото, сврзното ткиво и понапредни вежби за торзо.

Иако моите стомачни мускули веројатно нема да се вратат во нормала преку ноќ, мојот тренер е оптимист дека моето торзо ќе биде во ред повторно.

Последната фотографија од стомачето, Марија ја објави 12 недели по породувањето, а во описот напиша дека веќе гледа одреден напредок, но дека можеби ќе треба да помине низ уште една операција поради хернија.

Марија Марија

12 недели по раѓањето на тројката.

Помина подолго време од објавувањето на мојата последна постпородилна фотографија, а причина за тоа е што чувствувам дека многу бавно напредувам. Секој ден ги правам моите вежби со дишење и ми беше кажано засега да не правам ништо што бара поголем физички напор. Исто така користам корсет за стомакот 4-5 дена неделно, по 1-5 часа. Во последните неколку недели, стомакот конечно малку повидливо ми се намали, но сè уште имам уште многу долг пат пред мене.

На прегледот 8 недели по породувањето, докторот откри дека имам хернија (како дополнување на дијастазата), па можно е да ми треба и операција. Ќе знам повеќе на прегледот на крајот на февруари. Добрата вест е што можам да се соберам во некои од моите нормални панталони, па и тоа е почеток.

* Хернија е абнормално излегување на ткиво или орган како црево, низ ѕидот на празнината во која вообичаено се наоѓа.

Среќната мајка редовно споделива фотографии од своите бебенца и од поголемото синче Микаел.

Марија Марија Марија Марија Марија Марија Марија Марија Марија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.