Почетна » Новости » Занимливости » Жената која носеше тројка и ја документираше бременоста сега реално го покажува телото по породувањето

Жената која носеше тројка и ја документираше бременоста сега реално го покажува телото по породувањето

Мајката од Копенхаген која ја документираше целата своја бременост со тројка се породи и сега покажува како РЕАЛНО изгледа женското тело по породувањето.

Марија Марија

Марија ги роди своите три бебенца со царски рез на 12 септември и оттогаш со реални фотографии и искрени текстови го опишува своето патување.

„Мислам дека секогаш ми се вртеше во мислите да продолжам да правам фотографии и по породувањето, сметав дека би било интересно да ја покажам и другата страна, бидејќи нема многу луѓе кои го споделуваат тоа.“

„Мојот стомак сè уште се познава, на некој начин бев изненадена дека сè уште е толку голем. Не знаев дека треба да помине толку долго време за да се собере.“

„На некој начин ми беше интересно, ова е реалноста на многу жени, а никогаш не гледате вакви фотографии“ – изјавила таа.

Марија Марија

36-годишната мајка, која има уште еден поголем син, има објавено фотографии од стомачето 4 дена по породувањето, 1 недела по породувањето и 4 недели по породувањето.

Пред неколку дена на својот профил на Instagram призна дека нејзиниот стомак сè уште не се намалил и дека е малку разочарана, бидејќи не знаела дека е потребно толку долго време за да си го врати телото од пред бременоста.

„4 недели по раѓањето на тројката. Сè уште имам чуден овиснат стомак и малку сум изненадена што воопшто не се смали од мојата последна фотографија пред три недели. Морам да признам дека сум малку разочарана и не сум пресреќна што ја споделувам оваа фотографија“ – напиша таа на фотографијата направена еден месец по породувањето.

Марија

„Една недела по раѓањето на мојата тројка. Сега имам навистина чуден овиснат стомак, кој сè уште е прилично тежок. Мојата матка сè уште не собрана. Бидејќи мојот стомак беше премногу растегнат, потребно ми е многу подолго време од вообичаено... Со нетрпение чекам да си го вратам моето тело назад!“ – напиша таа.

Марија

„Низ што треба да помине една жена. Во првите два дена едвај стоев на нозе поради екстремната болка во раната од царскиот рез, но и покрај тоа медицинските сестри ме натераа малку да поодам. Рекоа дека ќе стане полошо ако не одам. Дополнително, цревата постојано ми се вртат и превртуваат како змии (нема да верувате ако видите!) и ми предизвикуваат болка. Плус млекото започна да ми надоаѓа уште вчера и резултираше со огромни и многу болни гради“ – напиша таа 4 дена по породувањето.

Марија Марија Марија Марија Марија Марија Марија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.