Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ја победи неплодноста и со искрен текст им порача на сите жени како неа да не се откажуваат

Мајка ја победи неплодноста и со искрен текст им порача на сите жени како неа да не се откажуваат

Жена, која ја победи неплодноста, сподели фотографии од своите близнаци за да им порача на сите што се во слична ситуација да не се откажуваат.

Бриен Кендрик го објави својот текст на страницата „Love What Matters“ и веднаш доби коментари полни со надеж од жени кои секојдневно се обидуваат да станат мајки.

Еве ја нејзината објава:

Близнаци Близнаци

За жената која се бори со неплодност,

Сакам да го слушам плачот на моите бебиња, тоа е звук кој прави да се смеам во 3 часот наутро. Тоа е звук кој мислев дека никогаш нема да бидам благословена да го слушнам. Сакам да го довлечкувам мојот ненаспан задник во таа соба и ја обожавам миризбата на нивните слатки прегратки, бидејќи иако ја победив неплодноста, толку многу жени го започнуваат овој ден продолжувајќи ја битката да слушнат ваков звук.

Сакам да ги гледам како играат со целото нивно лудило кое прави хаос како торнадо. Сакам да интервенирам по 3.000-ти пат додека цимолат еден со друг за истата играчка, иако имаат две исти.

Сакам кога се прашувам каква е таа ужасна миризба и со што сум ги нахранила. Но, тоа е пелена која мислев дека никогаш нема да имам можност да ја мириснам.

Сакам мојата листа со обврски што секојдневно расте да продолжи да се издолжува. Зашто во одреден момент едно од овие слатки суштества има потреба од прегратка, од закуска, од мене да застанам и да му речам: „Што ти е тоа во устата? Не го допирај тој кабел! Дали го лижеш прозорецот?“

Сакам моето второ кафе да се направи ладно како мраз 3 часа по налевањето, затоа што утрото ни избегало додека сме играле, сме се ранеле или сме се прегрнувале.

Сакам да одиме на ручек при кој неизбежно едното од нив ќе вреска зашто ќе биде вознемирено што не може да си игра со ножот.

Сакам да гледам наоколу и да му се смеам на стариот пар кој потајно си мисли дека моите деца треба да бидат повоспитани. Бидејќи јас никогаш не мислев дека нашето семејство ќе има 4 члена заедно на маса, а нападите на бес се нешто за коешто само можев да сонувам дека ќе се случи.

Сакам да се прашувам од каде дојде целата оваа облека за перење која нема крај, како толку мали човечиња создадоа толку многу џиновски купови за перење? Но, се смеам додека го диплам тоа износено, исфлекано боди и уживам во фактот што ниту еден од тие мали чорапи нема свој парник. Можам да се заколнам дека ги купив во парови.

Сакам да седам на скалите по стоти пат во еден часот наутро и да јадам за никој да не ме види со надеж дека за првпат ќе дојадам без да треба да споделам. Тие секогаш ме гледаат, јас секогаш споделувам. И тоа е во ред. Никогаш не помислував дека ќе бидам тука да споделувам. Вреди да гладувам за вие да можете да земете по еден гриз, иако штотуку сум ве нахранила со сè што постои во оставата.

А најмногу од сè сакам да речам: „Оде*и неплодност, те победив“. Сакам сите кои ја водат таа битка да продолжат да се борат. Бидете позитивни и верувајте. Сакам тие кои ја изгубиле таа битка да знаат дека ниту еден ден со овие слатки суштества не го земам здраво за готово. Знам дека заслужувате да ја имате оваа прекрасна катастрофа која ја нарекуваме родителство.

Знајте дека мислам на вас секој ден и силно посакувам да можев да ви помогнам да победите во таа битка.

И мајки, гушнете ги вашите мали човечиња и помислете колку навистина сте благословени што ги имате, дури и во нивниот најлош ден. Бидејќи таму некаде, 1 од 8 прекрасни жени е подготвена да оди на крајот на светот за таква прегратка.

Близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11312 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.