Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2025

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2025

Јуни нè дочекува со нежен, но моќен пресврт. Ова е месец во кој љубовта, стабилноста и внатрешната зрелост стануваат водечки теми.

Со влезот на Венера во бик на 6 јуни, ќе копнееме по длабоки задоволства, стабилни врски и сензуални моменти што траат. На 9 јуни двојното преминување на Меркур и Јупитер во рак ни носи порака да бидеме автентични и емпатични.

Полната месечина во стрелец на 11 јуни ќе ги разбуди нашите замисли, носејќи кулминации поврзани со амбициозни визии, патувања и лична слобода.

Сонцето во рак од 21 јуни ќе ни ја акцентира емотивноста и желбата за хармонична комуникација со најблиските.

Откако Меркур ќе влезе во лав на 26 јуни, ќе се осмелиме да зборуваме храбро, да се изразиме без резервираност и да се појавиме пред светот токму онакви какви што сме.

Најсреќни ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.

Датум Случување
6 јуниВенера влегува во бик
9 јуниМеркур влегува во рак
9 јуниЈупитер влегува во рак
11 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
17 јуниМарс влегува во девица
21 јуниСонцето влегува во рак
25 јуни☽ Настапува млада месечина во рак
26 јуниМеркур влегува во лав

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.