Почетна » Новости » Актуелно » Коцевски: Моментално нема кривична постапка против Панчо од ДНК поради неговата здравствена состојба

Коцевски: Моментално нема кривична постапка против Панчо од ДНК поради неговата здравствена состојба

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера гостуваше во емисијата „24 Анализа“.

Во интервјуто со новинарката Душица Мрѓа, Коцевски зборуваше за детали околу истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 62 лица.

Пожарот во објектот избувна откако кровот се запали од пиротехничките средства кои беа употребени на сцената, а подоцна беше објавено дека истите биле донесени од бендот ДНК, кој настапуваше таа вечер.

Панчо

Коцевски откри дека имаат сознанија дека дел од пиротехниката бил донесен од групата ДНК, од која осум членови ги загубија своите животи, а преживеаја само тројца.

Како осомничен се води преживеаниот Владимир Блажев-Панчо, но поради неговата здравствена состојба, против него моментално не се води кривична постапка.

Коцевски најави дека има прекин во постапките кон одредени лица поради нивната здравствена состојба, а потоа дополни дека меѓу нив е и Панчо.

„Да, има одредени лица коишто се во тешка здравствена состојба. Со консултација на медицинскиот персонал, односно на лекарите, тие засега не се во состојба да се води против нив постапка, ниту да даваат изјава, за жал“ – изјави Коцевски.

Запрашан дали меѓу нив е и Панчо, Љупчо вели: „Такви информации не можам да споделувам, меѓутоа има и таков“.

ВИДЕО:

Панчо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.