Почетна » Новости » Занимливости » Мајка чие дете за малку ќе се задавело со храна појаснува како да им го сечете јадењето на малите деца

Мајка чие дете за малку ќе се задавело со храна појаснува како да им го сечете јадењето на малите деца

Мајка на две деца споделува совети за служење на храната кои сите родители треба да ги знаат.

Откако едно од нејзините деца за малку ќе се задавело од јатка, нутриционистката Андресон започнала да ја подигнува свеста кај луѓето за опасностите од заоблената и тврда храна кај малите деца. Прочитајте ги советите на Џенифер и погледнете фотографија како да им ја сечете храната на деца од една со четири години.

Храна

Пред неколку години, едно од моите деца започна да се дави од цела јатка во мојот автомобил. Беше страшно иако добро заврши. Оттогаш, сум многу претпазлива. Еве некои совети за како да превенирате гушење со храна за деца на возраст од 1 до 4 години.

Главни нешта кои треба да ги имате на ум:

  • МОДИФИЦИРАЈТЕ ги тврдите и кружните храни до 4-годишна возраст.
  • Јадете СЕДНАТИ на маса со надзор.
  • ИЗБЕГНУВАЈТЕ некои храни до 4 години*.
  • Бидете ПОДГОТВЕНИ доколку се случи гушење.

Како да модифицирате:

Гответе ја храната која е тврда за да ја омекнете, на пример, јаболката или зеленчуците. Исто така, сечете ја храната надолж за да направите долги тенки парчиња. Еве некои правила кои јас ги користам, но секогаш бидете конзервативни кога мислите на потребите на вашето дете:

  1. Сечете на 1/8 (мелете ги семињата и јатките) за возраст од 1 година. Како мерка користете големина колку половина од врвот на вашиот мал прст како на фотографијата.
  2. Сечете на четвртини (кршете ги семињата и јатките) за 2-годишна возраст.
  3. Сечете на половини (сечете ги јатките на парчиња) за 3-годишна возраст.
  4. Повеќето деца може да јадат немодифицирана храна по 4-годишна возраст.

*Храна која треба да се избегнува до 4 години (делумна листа):

  • полни лажици со путер од семиња или јатки
  • пуканки
  • гумени бонбони, тврди бонбони или гуми за џвакање
  • тортили чипс
  • маршмалоу
  • цел хот-дог, цели јатки, цели зрна или чери домати, цели сирови моркови, цели јаболка, големи парчиња сирење, како и други заоблени и тврди јадења.
Храна

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.