Почетна » Новости » Занимливости » Мајка споделува 12 важни нешта за идните родители на дете со Даунов синдром

Мајка споделува 12 важни нешта за идните родители на дете со Даунов синдром

Кристин Скот се бори со предрасудите на општеството и цели да ги руши бариерите за лицата со попреченост.

Авторката, која е мајка на девојче со Даунов синдром, сподели 12 важни нешта за родителите кои ќе добијат бебе со ова хромозомско нарушување.

Скот

До сите мајки кои ќе ги слушнат зборовите ‘Даунов синдром’ за првпат оваа година, треба да запомните неколку важни работи:

  1. Вашето дете ќе стане вашиот најдобар учител. Ќе ја гледате оваа мала личност како учи и совладува начини за да се прилагоди и вклопи во свет кој не е направен за личностите како неа. Тоа ќе ве изненади.
  2. Важните моменти од развојот. Заборавете на нив. Вашето дете ќе направи сè во свое време. Оставете ги книгите. Престанете да пребарувате на Google и уживајте со тоа мало бебе пред вас – токму до каде што е тоа, а не до каде што литературата вели дека треба да биде.
  3. Срцето ќе ви се крши повторно и повторно од стереотипите на општеството. Ваша работа е да помогнете во рушењето на тие бариери. Вие сега сте застапник. Мајка мечка. Мајка тигар. Ќе станете страсни и ќе станете експерти за дијагнозата на вашето дете.
  4. Најдете ја вашата група. Потпрете се на нив. Љубете ги силно. Доверете им се. Плачете со нив. Ова е многу важно. Тие ве разбираат како никој друг. И ним им требате, исто така.
  5. Не е сè мед и млеко. Во некои денови е многу тешко. И во ред е да го признаеме тоа. Доцнењето на говорот ќе ви го скрши срцето. Но, кога тие мали усни ќе го изговорат зборот ‘мама’ за првпат, вашите очи ќе се исполнат со солзи. Тоа е како ништо друго на овој свет. Уживајте во тоа.
  6. Подгответе се за прашањата. Луѓето мислат добро, навистина. Незнаењето е вистинско, а вие ќе научите како да станете дебелокожци. Ќе научите да го поздравувате овој дијалог и да го поттикнувате во иднина. Верувајте ми за тоа.
  7. Вашето дете ќе наоѓа радост во сите мали животни задоволства. Сонцето на лицето. Прекрасно глуварче. Песок на прстите. За кратко време и вие ќе започнете да го гледате светот низ розови очила. Тоа ќе ви го одземе здивот и ќе ве потсети на она што е навистина важно во животот.
  8. Вашето дете ќе се поврзува со непознати лица од сите сфери на животот. Учете од нив. Кога ќе ја поздравува касиерката во маркетот, правете го тоа и вие. Жената во локалното кафуле ќе добива бакнежи. Дајте ѝ добар бакшиш. Однапред платете ја чистата љубов и искрената радост на вашето дете. На секаков можен начин. Замислете колку пољубезен може да биде светот.
  9. Танцувајте во кујната.
  10. Бањајте се во вода со меурчиња.
  11. Среќата доаѓа одвнатре. Погледнете длабоко во таа мала личност. Ја гледате таа среќа? Таа зрачи и изгледа добро и на вас.
  12. Последно и најважно, вие МОЖЕТЕ да го направите ова! Можеби сега не верувате, но ќе поверувате. Болничкиот престој кој трае со недели. Понекогаш ќе ви се чини дека ударите никогаш не престануваат. Но, кога ќе падне прашината и ќе се намалат посетите на доктор и вие ќе земете здив за момент, дајте си благодат и погледнете ја малата личност пред вас која издржа толку многу, но сепак ја наоѓа радоста секој ден.

Го можеш тоа МАМО!

Скот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.