Почетна » Новости » Занимливости » Мајка соши фустанче за ќеркичката од кошулата што сопругот ја носеше кога таа се роди

Мајка соши фустанче за ќеркичката од кошулата што сопругот ја носеше кога таа се роди

Мајка го искористи својот талент за шиење и ѝ направи фустанче на ќерката од кошулата која сопругот ја носеше кога таа се роди. Сега ова парче облека постојано им навраќа прекрасни спомени.

Амелија Амелија

Карли Грант научила да шие кога забременила со своето трето дете, а нејзин најдобар модел била 2-годишната ќерка Амелија. Набрзо, Грант започнала да пресоздава облека за семејството од стари материјали и алишта кои ги имала складирано за донирање. Кога ја пронашла карираната кошула која нејзиниот сопруг Џош ја носел на болница кога се родила Амелија, таа веднаш знаела дека мора да направи нешто специјално.

„Еден ден, додека барав нов материјал во плакарот на Џош, наидов на кошулата која тој ја носеше на денот кога се роди Амелија и очите ми се насолзија додека мислев како да ја преправам во фустан. Додека шиев, се навраќав на тој ден“ – објаснила креативната мајка во текст на интернет.

Амелија Амелија

Кога Џош се вратил од работа и го видел фустанот, лицето му се разведрило.

„Кога Џош се врати дома од работа, ја виде Амелија во фустанот. Го прашав дали се сеќава зошто е толку специјална оваа кошула. Целиот израз на неговото лице се промени кога ја сфати важноста на кошулата. Толку беше трогнат, што ја крена Амелија и силно ја гушна, кажувајќи ѝ зошто кошулата е толку специјална. Ѝ рече: ‘На денот кога ти се роди, тато ја носеше оваа кошула!’ и ѝ кажа колку убаво изгледа таа во фустанот“ – пишува Грант.

Амелија

Таа тврди дека понекогаш не ја забележуваме емоционалната приврзаност за материјалните нешта, но дека таа постои.

„Не ја забележуваме секогаш емоционалната поврзаност што ја имаме за материјалните нешта додека се движиме низ деновите, облеката е едно од нив. Кога ја гледаме Амелија во тој фустан, се навраќаме токму на тој ден“ – додава Карли.

Амелија Амелија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11107 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.