Почетна » Новости » Занимливости » Мајка со емотивен текст и фотографија од расфрлани обувки опиша како е да си во „18-тото лето“ на твоето дете

Мајка со емотивен текст и фотографија од расфрлани обувки опиша како е да си во „18-тото лето“ на твоето дете

„18-тото лето“ е текст кој забрзано се шири на социјалните мрежи затоа што е прекрасен потсетник дека децата растат експресно брзо и неосетно доаѓа моментот кога ќе одлетаат од семејниот дом.

Хедер Дакворт разнежни десетици илјади родители со фотографија од куп обувки и есеј во кој опишува колку е слатко-горчливо летото пред тинејџерите да заминат на факултет. Популарната блогерка се опишува себеси со зборовите: „Јас сум мајка на 5 прекрасни деца, 4 на Земјата и едно во Рајот. Од раѓањето на тројка, до губењето на дете поради рак, до посвојување – ги имам искусено речиси сите радости, предизвици и болки на мајчинството.“

Текстот на Хедер е за нејзините двајца синови кои имаат по 18 години. Тие биле родени како тројка, но за жал, кога имале само 6 години го изгубиле нивниот брат како последица на рак.

Обувки

Се вратив дома по долго попладне поминато во средување обврски и вака изгледаше мојот трем. Овие обувки значат дека имам куќа полна со деца... повеќето тинејџери. Овие обувки се сигурен знак дека е лето и дека започнал распустот. Овие обувки се знак дека веројатно во куќата не останала храна. Овие обувки се знак на галама и хаос и смеа и музика. Веројатно има деца кои лежат на софата, пливаат во базенот или гледаат филм некаде. Овие обувки се знак дека денеска ние сме куќата за друштвена собиранка.

Застанав накратко пред вратата и почувствував како ме обзема бран на тага додека ги гледав тие обувки... обувки од група деца кои се дружеа во мојата куќа веќе 4 години. Некои деца се натпреваруваа во исти тимови, некои учеа во ист клас, некои учеа заедно уште од основно училиште, некои се состануваа, а некои имаа и раскинато. Но, сите тие останаа добри пријатели низ годините. И јас ги сакам сите тие деца кои оставаат обувки на мојот влез. Повеќето од нив матурираа што значи дека тие обувки ќе одат на различни локации наесен кога ќе заминат на факултет.

Велат дека имаш само 18 лета со твоите деца. Јас сум на број 18 со моето. Тој факт ми го крши срцето и ме тера да се замислам како летнаа толку брзо тие 18 лета. Големи промени настапуваат – за мене и за сите тие деца кои се внатре. Моето срце знае дека тоа е причината што глетката со тие обувки ме направи сентиментална. Знам дека по ова лето ништо нема да биде исто. Ова е слатко-горчлив дел од родителството... оваа транзиција од тоа да ги имаш дома до тоа да ги гледаш како заминуваат. Мојата глава знае дека тоа е добро нешто, но моето срце... едноставно чувствува болка.

Ги сакам тие обувки на мојот влез зашто тоа значи дека децата се дома. Значи дека знам каде се, со кого се и дека сите се безбедни. Свесна сум дека тие обувки нема да бидат тука уште долго време. Наскоро сите тие обувки ќе се распрскаат низ различни факултети и ќе ги прават првите чекори кон самостојност.

Овие мисли висат како темен облак над мојата глава... и се обидуваат да ми ја украдат радоста. Ја тресам главата во обид да ги избркам тие чувства. Не сакам тагата за она што ќе дојде да ми ја одземе среќата денес.

Засега ќе ги прифатам тие обувки и ќе бидам благодарна за нив. Ќе ги купувам сите закуски. Ќе ги примам тие деца во мојот дом и ќе им дозволам да преспиваат на моите каучи. Ќе ги впивам звуците од нивните насмевки и ќе ги терам да си го чистат нередот што го направиле. Ќе се молам секој да стигне дома безбедно и ќе го обожавам тоа што куќата ми е полна. Но најважно од сè, ќе дадам сè од себе за да избирам среќа и радост за сегашните моменти и да не дозволам тој темен облак на тага да ме проголта. Затоа што овој момент... е навистина добар.

Па, ќе го ценам ова лето на обувките... Затоа што знам дека наскоро тие обувки ќе избегаат да го истражуваат светот... а мојот влез ќе биде празен.

Обувки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.