Почетна » Новости » Занимливости » 25 скапоцени лекции кои секоја мајка треба да му ги пренесе на синот

25 скапоцени лекции кои секоја мајка треба да му ги пренесе на синот

Блогерка состави листа со лекции за синот кој штотуку заплива во тинејџерските води. Многумина се едногласни дека секоја мајка на момчиња треба да ги има на ум и да ги пренесува на наследниците.

Мер Ли е авторка која вложува огромна енергија за да ги израсне децата приземни и да ги научи колку е важно да ја пронајдат суштината на нивното постоење. „Децата имаат потреба од уверување дека се доволно добри, дека се повеќе од тоа, дека се убави...“ – вели таа.

Листата со лекции за нејзиниот син беше споделувана на многу страници за родители и деца. Еве ја:

Момче

За мојот син, кој е тинејџер

Сине...
Тука започнува сè.
Ова е твојот почеток.
Дали си подготвен?
Знам дека јас не сум. Преплашена сум.
Но, без разлика дали сме подготвени или не, моментот пристигна.

Неодамна, ти беше моето бебе.
Мали прстиња, нежни рачиња и малечко тело кое толку лесно се прилагодуваше во моите раце.
А сега стануваш маж.
Стапала кои не престануваат да растат, груби раце, тело кое се издига над моето за да можеш да ја потпреш брадата на темето на мојата глава кога ќе ме гушнеш со рацете.

Да, тешко е, но исто така е ОК, бидејќи знам што ти претстои.
Ти се упатуваш на слатко место. Најдобрите години во твојот живот.
Ова се денови на кои ќе се присетуваш ЗАСЕКОГАШ.
Сакам да го живееш секој момент.
Иако знам дека ќе биде бурно, знам и дека нема секогаш да биде лесно.

Сакам да ти дадам некои совети кои ќе ги понесеш со себе. Сакам да ми ветиш дека ќе се сеќаваш на неколку работи:

Вети ми, слатко момче, вети ми дека ќе се сеќаваш:

  1. Гледај ги луѓето в очи кога им зборуваш.
  2. Замавни со палката... можеби ќе го промашиш топчето, но никогаш нема да погодиш, ако не замавнеш со палката.
  3. Задржи ја вратата кога поминува некого.
  4. Смеј се со твоите пријатели. Не им се смеј ним.
  5. Никогаш не нè лажи. Како што рекол Марк Твејн: „Ако ја кажуваш вистината, никогаш нема да мора да помниш ништо“.
  6. Ќе влегуваш во неволји. Се разбира, знам дека ова ќе се случи, но мора да знаеш дека секоја постапка има последици. Запомни, дури и кога ќе морам да те удрам одназад по главата, јас секогаш ќе ти го чувам грбот.
  7. Остварувај ги сите ветувања, посебно оние кои си ги даваш себеси.
  8. Најдобриот начин за да освоиш девојка е да ја насмееш.
  9. „Допаѓањата“ на социјалните мрежи не се мерка за тоа колку им се допаѓаш на луѓето.
  10. Биди љубезен.
  11. Самодовербата е клучна... без разлика дали ќе мора да ја одглумиш додека да ја почувствуваш или ќе ја имаш од првиот ден. Кога веруваш во себе, тогаш и светот ќе верува во тебе.
  12. Извинувањето не е знак на слабост.
  13. Никогаш не си престар за да танцуваш на дождот.
  14. Почитувај ги повозрасните, но не им се доверувај на луѓето кои се постари од тебе само поради нивните години.
  15. Не влегувај во автомобил ако не му веруваш на возачот.
  16. Не си единствениот кој е анксиозен. Разговарај за тоа.
  17. Признавањето на грешките не е неуспех. Единствениот начин за да доживееш неуспех е да продолжиш да ги повторуваш истите грешки.
  18. Кога станува збор за женските, не треба да приговараш за зборот „Стоп“.
  19. Никој пијан возач не е добар возач. Не е важно колку пати стигнал до дома неповреден.
  20. Верувај ѝ на твојата интуиција.
  21. Семејството е сè. Грижи се за сестра ти. Почитувај ја Мама. Стреми се да бидеш сè што твојот татко верува дека можеш да бидеш.
  22. Ќе има моменти кога ќе се чувствуваш непобедливо... Почувствувај ги... Вистински почувствувај ги... но вети ми дека ќе се сетиш дека си смртник.
  23. На 16-годишна возраст ќе бидеш убеден дека ние не сме во право. До 26-тата година ќе сфатиш дека сме биле во право.
  24. Наспроти сите верувања, не мора секогаш да бидеш силен.
  25. Не се растени сите како тебе. Другите растат во други насоки. Но, те молам запомни дека твоите корени се посадени за да те држат приземен.

Дури и ако ги заборавиш сите овие нешта, запомни го ова... Јас ќе бидам тука за тебе ЗАСЕКОГАШ. Тоа беше ветувањето кое го дадов првиот пат кога те зедов во моите раце и ветив дека имам намера да те чувам долго време откако ќе ги надраснеш истите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.