Почетна » Новости » Занимливости » Мајка си ја преполови тежината откако сфати дека ја нема на повеќето семејни фотографии

Мајка си ја преполови тежината откако сфати дека ја нема на повеќето семејни фотографии

Дали некогаш ви се случило да не сакате да се фотографирате со семејството, зашто сте сметале дека ќе изгледате лошо на фотографиите? Меги Велс многупати се имала почувствувано така пред да реши да стави крај на измачувањето.

Мајката од Вест Вирџинија ја преполови својата тежина откако сфати дека ја нема на повеќето семејни фотографии. 34-годишната Американка, која некогаш тежела над 135 килограми, си го трансформираше изгледот и сега со самодоверба позира со своите две деца.

Меги Велс Меги Велс Меги Велс

„Бев исплашена дека ќе умрам поради мојата тежина, но се плашев и дека ако нешто се случи, децата нема да имаат фотографии по кои ќе ме паметат. Син ми имаше шест години тогаш и мислам дека имавме само две заеднички фотографии“ – признала Меги.

Меги Велс Меги Велс Меги Велс

Велс се разбудила утрото на 1 јануари 2018 година и решила да направи голема промена. Таа се насочила кон здрава исхрана, збогувајќи се со сите додадени шеќери и намалувајќи го дневниот внес на јаглехидрати. Во првата година, таа ослабела 85 килограми само со примената на кетогенска (кето) диета.

Меги се фокусирала на консумирање месо, зеленчуци и јајца. „Немам време за да правам замена за леб или такви нешта. Открив дека оваа диета може да ја применува секој со каков било буџет“ – рекла таа.

Подоцна, Велс вклучила и физичка активност за да може да ја одржува тежината. „Се чувствувам како да сум 15 години помлада. Не знам како поинаку да го опишам ова чувство, освен дека се чувствувам како комплетно нова личност“.

Меги Велс Меги Велс

„Операција не беше опција за мене, финансиски, па моето тело не е променето со хируршки зафат. Вака изгледа телото кога губите многу килограми“ – признава Меги и ја покажува виснатата кожа на стомакот.

Меги Велс Меги Велс Меги Велс Меги Велс

Сега, Меги гордо позира со своето семејство и цели да создаде што повеќе заеднички спомени.

Меги Велс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.