Почетна » Новости » Занимливости » Мајка побарала помош од полиција кога не можела да ги разликува своите идентични близнаци

Мајка побарала помош од полиција кога не можела да ги разликува своите идентични близнаци

Мајка на идентични близнаци побара помош од полицијата кога сфати дека не може да ги разликува своите деца.

Софија Родригез

Софија Родригез од Аргентина го сподели своето искуство на социјалните мрежи и доби голема поддршка од мајките кои поминале низ истото.

„Утре треба да одам во полиција за да им земат отпечатоци на моите близнаци за да можат да ми кажат кој е кој. Ја освоив наградата Мајка на годината“ – напиша таа на Twitter.

„Никогаш не помислував дека ќе ги помешам. Валентин секогаш носеше сина лента, но кога сфатив дека му е премала, одлучив да ја сечам и извадам“ – објасни таа.

Софија Родригез Софија Родригез

Софија сфатила дека не може да одреди кое дете е Лоренцо, а кое е Валентин додека ги пресоблекувала синчињата. Таа објаснила дека има потреба да знае точно кое дете е кое поради следењето на нивната здравствена историја.

Родригез сподели фотографии од близнаците и напиша дека иако на фотографиите изгледаат различно, тие се исти во живо.

Софија Родригез Софија Родригез Софија Родригез

Неколку дена по нејзиниот повик во полицијата, во нивниот дом пристигнале вработени од Националниот регистер на родените од Министерството за внатрешни работи и им помогнале на новите родители да ја разрешат нивната дилема.

Софија Родригез Софија Родригез Софија Родригез

Во коментарите многу други родители споделија фотографии од своите идентични близнаци, тешејќи ја дека не е единствената која се нашла во ситуација да не може да ги разликува. Некои од нив споделија совети кои можат да им помогнат на родителите со идентични деца.

Софија Родригез Софија Родригез Софија Родригез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11102 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.