Почетна » Новости » Занимливости » Мајка на близнаци со фотографии пред породувањето и една година подоцна покажува колку е неверојатно женското тело

Мајка на близнаци со фотографии пред породувањето и една година подоцна покажува колку е неверојатно женското тело

Кејти Карлсон со фотографии „пред и потоа“ ја покажа трансформацијата на нејзиното тело за една година.

На левата фотографија, таа позира пред породувањето во 37-та недела од бременоста, додека на десната, една година по породувањето. Нејзината цел е да покаже колку е неверојатно женското тело и да им порача на новите мајки да не се грижат премногу за виснатата кожа, стриите и брчките на стомакот.

По породувањето, Кејти имала тешка форма на дијастаза (разделување на стомачните мускули) и слабо јадро, но со правилни вежби успеала да го реши тој проблем.

Кејти Карлсон Кејти Карлсон

12 часа пред раѓањето на близнаците и 12 месеци постпартум.

Да бидам искрена, пред една година замислував дека оваа трансформација ќе биде многу поинаква. Тогаш имав 22 години и никогаш не замислував дека моите први брчки ќе бидат помеѓу градникот и работ на фармерките. Не знаев ни дека брчките на стомакот се некаков проблем сè додека не станаа проблем.

Се сеќавам дека на почетокот од мојата бременост бев загрижена како ќе изгледа лузната од мојот царски рез. Се сеќавам дека плачев во 30-тата недела од бременоста кога ги забележав моите први стрии.

Потоа, ги родив овие бебенца и бев шокирана од изгледот по породувањето. Започнав да се прашувам кога повеќе нема да изгледам како да сум бремена, кога мојата „linea negra“ ќе започне да избледува, дали ќе можам да се ослободам од стомакот, од брчките и од стриите преку мачкање кремови и масла врз нив...

Кога луѓето ќе ми речеа дека изгледам одлично, јас ги негирав нивните коментари. Дури со сопругот се шегував за моето тело, што беше начин да се справам со чувствата.

Ова го споделувам со вас за да ви кажам дека кога би можела да се вратам назад за да поразговарам со себеси кога имав 22 години и бев бремена, би си рекла себеси да престанам да плачам, да се грижам, да се критикувам и да го започнам процесот на осознавање дека стриите, лузните и виснатата кожа не ме дефинираат. Би си рекла себеси дека никогаш не мора да се грижам за тоа „да си го вратам телото“, бидејќи никогаш и не го изгубив. Ова тело посветено беше тука за мене ЦЕЛО време.

Идејата дека го „губиш“ телото по раѓањето бебе и дека треба „да си го вратиш телото назад“ по добивањето бебе е социјален мит кој мора да биде разбиен. Всушност, ова тело направи многу повеќе неверојатни работи за мене во изминативе 12 месеци постпартум + и во 9-те месеци бременост отколку кога било ПРЕТХОДНО. Од растење и раѓање на две доносени бебиња, до нивно хранење и доење повеќе од една година. Неизмерно сум благодарна за секој начин на кој ова тело беше тука за мене во изминатиов 21 месец.

До 22-годишната бремена верзија од мене и до секој кој има потреба од ова: Покажи си себеси љубов, трпение и благодарност. Твоето тело беше тука за тебе, сега е време ти да бидеш тука за него.

Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон Кејти Карлсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11563 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.