Почетна » Новости » Занимливости » Мајка ѝ се заблагодари на новата девојка на бившиот сопруг зашто е одличен пример за нејзината ќеркa

Мајка ѝ се заблагодари на новата девојка на бившиот сопруг зашто е одличен пример за нејзината ќеркa

Грижата за децата кога родителите се разведени може да биде многу тешка мисија, а особено кога во големата слика ќе се вклучат и новите партнери на поранешните сопружници.

Во најголем дел од случаите, жените со омраза ги гледаат новите девојки на своите бивши партнери, но не и Британи Џонсон. Таа смета дека идната маќеа на нејзината ќеркичка Пејтон е благослов и одличен пример за нејзиното мало чедо.

Пораката исполнета со пофални зборови, во која Бритни ѝ се заблагодарува на Кајла, за кратко време се распространи на интернет, рушејќи го стереотипот „злобната маќеа“.

Кајла и ПејтонКајла и Пејтон

До сите мајки кои се разлутуваат кога друга жена се однесува кон вашето дете како да е нејзино: Зошто, нели токму тоа отсекогаш го посакувавте?

Се молев една ноќ за типот на жена со која ќе биде таткото на мојата ќерка, знаејќи дека таа ќе расте во два дома.

Кајла беше подарок, многу поголем од тоа што се надевав. Таа започна да оди во школа за медицинска сестра и ќерка ми Пејтон е одушевена. Па, Кајла ѝ порача пар мини униформи за да си одговараат.

Дозволете ми да ви кажам, јас растам силно девојче, паметно девојче и слатко девојче. И не сакам ништо повеќе од тоа таа да биде опкружена со луѓе кои ќе ѝ бидат одличен пример.

Ти благодарам Кајла што ѝ покажуваш на Пејтон како да ги следи своите соништа, како да работи напорно и да останува до доцна во ноќта за да учи за тест.

Ти благодарам што сè уште наоѓаш време за да возиш велосипед со неа, што ѝ правиш макарони со сирење, дури и во еден од најстресните периоди од твојот живот. Ти си одличен пример и прекрасна „бонус мајка“ и ние се гордееме со тебе!

Ако ја делите улогата на родител и ако не ви мами насмевка да го гледате вашето дете да прави вакви работи, тогаш одново размислете што е најдобро за вашето дете. Во овој случај, Пејтон е сакана од повеќе личности. Што една мајка би можела да посака повеќе за своето дете?

Тоа што е најдобра пријателка со мене и најдобра пријателка со Кајла е точно тоа што Пејтон го заслужува.

Кајла и ПејтонСлатката Пејтон со татко си и неговата девојка Кајла Кајла и ПејтонБритни со ќеркичката Пејтон Бритни и Пејтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11035 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.