Почетна » Новости » Занимливости » Мајка во искрен текст опишува зошто им е тешко на родителите да „живеат во моментот“

Мајка во искрен текст опишува зошто им е тешко на родителите да „живеат во моментот“

Додека со носталгија гледаат на моментите кои поминале и со радост очекуваат што ќе им донесе иднината, родителите често пропуштаат да живеат во сегашноста. Мајка на совршен начин опишува колку е тешко да се пронајде баланс и да се „живее во моментот“.

Текстот на Кејси Хаф, која стои зад блогот „Etched In Home“ допре до срцата на илјадници мајки:

Мајка

Часовникот покажува 23.57. Мојата глава паѓа на перницата, а твојот плач се слуша низ бејби фонот.

Нова ноќ е, но истата стара песна и истиот танц.

Твоите долги нозе висат далеку од моето торзо, а твоите усни се спремни за вечерното хранење и во тој момент, ме стреснува мислата колку моето мајчинско срце е во конфликтна состојба.

Истовремено копнеам по ноќите кога целото твое тело го собираше на една моја рака и едвај ги чекам ноќите кога ќе спиеш без будење, давајќи ми дозвола да го земам потребниот сон без прекини.

Копнеам за деновите кога сè уште те собираше во оние омилени шпикозни (тиркизните со сини китови кои ми го исполнуваа срцето зашто ти ги истакнуваа сините очи). Во исто време, со нетрпение го чекам денот кога ќе ти бидат точни обувките кои ти ги купив два боја поголеми само затоа што беа на распродажба и можев да те замислам како трчаш со нив низ дворот.

Копнеам за деновите кога твоето лице беше размачкано со пире од батат, но исто така едвај чекам виршлите да не мора да бидат пресечени надолж, а семејните филмски маратони да можат да вклучуваат големи садови полни со пуканки.

Копнеам за седиштето за автомобил во кое те довезовме од болница, а истовремено едвај го чекам денот кога целосно ќе можам да заборавам на седишта за во автомобил, а ти ќе можеш да се врзеш со појасот.

Копнеам за стисокот од твоите мали прстиња на новороденче, а сепак едвај ги чекам деновите кога нема да ти сум потребна за сè.

Ова мајчинството е комплицирана пајажина од копнеење по минатото, живеење во сегашноста и молење за иднината. И ако сум искрена, понекогаш не можам да ги балансирам овие три.

Додека евоцирам спомени за она што поминало и сум во очекување на она што ќе се случи, заборавам да ја впијам сегашноста.

Не сакам да го изгубам овој момент.

Не сакам да бидам презафатена копнеејќи или очекувајќи, па да не си издвојам време за да ги запомнам шепотењата на твоето дишење или начинот на кој твојата мека коса сјае под светлината на твоето омилено ноќно светло.

Не сакам да го пропуштам свиокот на твоите прсти околу мојот палец или начинот на којшто клоцаш расеано додека те дојам сред ноќ.

Не сакав да станам од кревет вечерва, не сакав да одговорам на твојот полноќен повик, но го направив тоа и има нешто магично во овој момент во којшто сме ние.

Па да, моето срце веројатно секогаш ќе копнее и мојот ум секогаш ќе гледа во иднината, но ќе дадам сè од себе да не ги занемарам овие моменти во кои живееме.

Вечерва, ќе останам тука со тебе малку подолго.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.