Почетна » Новости » Занимливости » „Мамо, сакам да бидам како тебе кога ќе пораснам“

„Мамо, сакам да бидам како тебе кога ќе пораснам“

Ако имате мало девојче, веројатно неколкупати сте го фатиле како зјапа во вас со одушевување, гледајќи го во вас својот идол. Можеби повеќепати сте ја слушнале реченицата: „Мамо, сакам да бидам како тебе“.

Рејган Лонг е мајка на четири деца и блогерка, која преку искрен текст сподели што чувствува кога ќе ја слушне таа реченица од ќерка си. Прочитајте го:

Девојче на штикли

„Сакам да бидам како тебе кога ќе пораснам мамо.“

Овие зборови се најемотивната изјава која секоја мајка сонува да ја слушне еден ден од својата ќерка.

Но, има една искрена вистина: Колку и таа реченица да ми го растопува срцето и да ми е драга, тешко е да одговорам на очекувањата. Имам четири пара мали очи кои се огледуваат на мене секој ден.

Тие мали очи ме гледаат како соколи. Ме гледаат како се справувам со проблемите со огромна милост и спокојство, но ме гледаат и како избувнувам кога повеќе не можам да пронајдам ни грам трпение во пламените на мајчинството.

Тие мали очи ме имаат видено во ситуации кои тие ги сметаат за херојски моменти на спасување, како кога ќе паднат од велосипедот или кога ќе си ги издраскаат колената зашто трчале пребрзо на улица. Да, во најмалите спасувања во мене гледаат суперхерој. Но, тие исто така ме имаат видено кога сум слаба, на моменти и тотално нестабилна.

Тие мали очи најмалку еднаш дневно ме гледаат со восхит и гордост што имаат можност да ме наречат „мама“. Но, можам да кажам дека тие очи еднаш дневно ме гледаат и со фрустрација, бидејќи не можам (и нема) да им ги исполнувам сите барања и да им ги задоволувам сите потреби како што тие си мислат.

Тие мали очи ја виделе мама кога не успева, кога се жали и кога е на прагот да се откаже штом нештата ќе станат неподносливи. Но, исто така тие ја виделе мама како ги надминува сопствените граници и како постигнува успеси. Се молам тие да препознаат дека никогаш нема да запознаат некој друг со соништа и верба толку големи колку оние на мама.

Тие мали очи се насочени кон мене дури и кога јас не сум свесна дека ме гледаат и од денот кога го ставија моето прво бебе на моите гради, јас официјално станав нивен пример, чувар кој е на должност 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена годишно.

Па, кога моето девојче ќе каже „Сакам да бидам како тебе кога ќе пораснам мамо“ се наведнувам за да ја погледнам право в очи, ѝ го бакнувам носето, ја гушкам силно и додека солзите се леат по моето лице, единственото нешто кое ми доаѓа на памет да ѝ го кажам е: „Душо, мама сака ти да бидеш ти кога ќе пораснеш. Никогаш не се менувај. Едноставно... остани... ТИ.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.