Почетна » Новости » Занимливости » Малдиви ќе го градат првиот целосно пловечки град за да се борат со климатските промени

Малдиви ќе го градат првиот целосно пловечки град за да се борат со климатските промени

Првиот целосно пловечки град во светот ќе се гради на Малдиви.

Пловечки град

Егзотичната островска земја неодамна ги објави плановите за создавање на населено место од овој тип, поради реалната закана од поплавување на островите. Малдивите се најниската земја на светот, па доколку продолжи трендот на подигнување на нивото на морето, постои опасност за исчезнување на островите до 2050 година.

Градот ќе биде подигнат во лагуна на неколку минути од главниот град Мале, а неговата форма била инспирирана од коралите. Тој ќе опфаќа површина од 200 хектари, а ќе се состои од илјадници домови. Островите околу лагуната ќе служат како бариера која ќе го штити градот од брановите.

Конструкцијата на градот не бара приземјување, па нема да влијае на коралите, кои се клучен фактор во исхраната на морскиот свет.

Пловечки град Пловечки град Пловечки град

Истражувањата за проектот се спроведувале од 2009 година.

Дали градот ќе биде експеримент или пример за тоа како ќе живееме во иднината, останува да покаже времето.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11462 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.