Почетна » Новости » Занимливости » Мал херој: Бебенце родено 700 грама по 100 дена на Клиниката за гинекологија конечно си заминува дома

Мал херој: Бебенце родено 700 грама по 100 дена на Клиниката за гинекологија конечно си заминува дома

Позитивна приказна за мал херој ја обиколува нашата земја.

„Најмалото бебе во Македонија - Најголемиот борец! Она кога сите сили, искуства, знаења и Божја воља ќе се обединат Нашиот мал голем херој роден во 23 г.н.со телесна тежина од 700гр., сега 2.000 гр.и во одлична кондиција. Му посакуваме одлично здравје да го следи и бескрајни детски радости“ – стои во пораката на „Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство - Скопје“ за бебенцето кое се избори за живот.

Бебе

Момчето било родено во петтиот месец од бременоста на мајката и на клиниката ги поминало првите 100 дена од животот. За среќа, благодарение на добиената нега од сестрите и докторите, сега тоа може да дише самостојно и се храни редовно.

Кај нас ова е прво преживеано новороденче кое е родено во 23-тата недела.

„Пројдовме заедно низ разни кризи и се изборивме заедно. Мислам вистински беше силно бебе. Силно бебе-вистински борец“ - изјави за „Канал 5“ д-р Коиќ.

Новороденчето допрва ќе добие свое име, а на клиниката било нарекувано „миленикот“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.