Почетна » Новости » Занимливости » Македонски Телеком и град Скопје со новогодишна програма за волшебна 2015 година

Македонски Телеком и град Скопје со новогодишна програма за волшебна 2015 година

Македонски Телеком и градот Скопје се подготвени да започнат со одбројување на последните денови од 2014 година и на најдобар начин да го организираат пречекот на Новата 2015. На 25 декември официјално започнува новогодишната програма која ќе понуди содржини кои ќе ги вклучат дечињата, младите и повозрасните. Настаните ќе се одвиваат во паркот Жена Борец и плоштадот Пела.

Новогодишна програма Новогодишна програма Новогодишна програма

На 25-ти декември, со почеток во 12 часот, во паркот Жена Борец дружењето започнува со креативна работилница за најмладите каде ќе им бидат обезбедени материјали за цртање на лампиони, за потоа забавата да продолжи со музичкиот настап на хорот „Злата Мегленска“, како и голем број на диџеи и музички групи.

И во наредните денови случувањата ќе бидат исполнети со многу музика и ќе гравитираат околу паркот Жена Борец каде најмалите ќе можат да се дружат со Златните славејчиња и да ја проследат детската програма во изведба на Театарот за деца и младинци.

Во рамките на случувањата предвиден е и Новогодишен маркет каде ќе бидат поставени 11 дрвени куќички, коишто ќе бидат новогодишно украсени, а од кои ќе можат да се купат или да се пробаат печени колачиња, вина, рачно подготвена чоколада, германски вурст (колбас), топли костени, како и 5 куќарки со декоративни рачно изработени новогодишни украси.

Кулминацијата на настаните ќе се случи на 31 декември со детска претстава и пристигнувањето на Дедо Мраз на плоштадот Пела, а за вечерниот пречек на 2015 година на плоштадот Пела ќе биде поставена бина каде присутните ќе ги забавуваат Дани, Маја Панчева, Ерик и Симона, Есма, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Мустафа Имери, Даниел Кајмакоски и Куку Леле, а Новата 2015 година ќе ја дочекаат со песните на Елена Ристеска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11805 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.