Почетна » Новости » Занимливости » Маж пронашол кратка порака од починатата сопруга која му донела утеха

Маж пронашол кратка порака од починатата сопруга која му донела утеха

Љубовта не познава граници и умее да го пронајде патот до нечие срце и во најтешките моменти, а Џими Бриланд го има искусено тоа на своја кожа. Два дена откако починала неговата сопруга, тој пронашол прекрасна порака која таа ја напишала пред смртта со цел да го утеши. И токму тоа и го постигнала.

Џими и Били Бриланд

Џими и Били Бриланд биле во брак цели 60 години, пред судбината да си поигра со здравствената состојба на пензионираната учителка. Кратко време пред да го напушти овој свет, Били паднала и си го скршила колкот и оттогаш нејзиното здравје започнало да се влошува.

Џими во ниту еден момент не го напуштил болничкиот кревет каде што лежела неговата сакана, а за возврат, љубовта на Били не го напуштила него дури ни по нејзината смрт.

Џими и Били Бриланд

Два дена откако 83-годишната старица го напуштила светот, тажниот вдовец пронашол порака од неа во нејзината чековна книшка. Текстот го објавил нивниот внук Клиф Симс на Facebook и за брзо време тој прерасна во вирален хит. Во пораката се вели:

Те молам не плачи поради тоа што умрев!

Смеј се затоа што живеев!

Знај дека сум на среќно место!

Знај дека повторно ќе се сретнеме!

Ќе се видиме таму!

„Нејзино хоби беше пишувањето на белешки за работите кои ѝ значеа. Секоја фотографија која висеше на ѕидовите во нивниот дом беше прецизно опишана. Запишуваше смешни случки или цитати кои сакаше да ги запомни со совршен ракопис каков што може да има само една учителка“ – напишал Симс во колумна за својата баба за Yellow Hammer News.

Симс исто така смета дека текстот од баба му е утеха за сите и доказ дека љубовта е посилна од сè. „Таа порака ќе ни биде извор на утеха и потсетник дека љубовта победува сè, дури и смртта“ – рекол тој за The Huffington Post.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11211 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.