Ања Стојковиќ и Хуго Валенте и со трета прослава го одбележаа запливувањето во брачните води.
Ќерката на поранешниот српски фудбалер Драган Стојковиќ – Пикси и поранешниот возач на тркачки автомобили организираа и луксузна свадба во Белград.
Невестата блескаше во фустан од пердуви кој е дело на српскиот бренд Mihano Momosa.














На свадбата присуствуваа многу балкански јавни личности меѓу кои Жељко и Јована Јоксимовиќ, Лепа Брена, Јелена Карлеуша и Нина Бадриќ.


За време на забавата, Ања се пресоблече во сексапилен фустан во тиркизна нијанса.


Втората свадбена прослава на парот се одржа минатиот месец во хотелот „Cap-Eden-Roc“ во Франција. Убавата невеста тогаш носеше волуменозен фустан од Ели Сааб.














Двојката се венча во Париз на 17 февруари.




