Почетна » Новости » Занимливости » Логоата на социјалните мрежи во кампања за рак на дојка

Логоата на социјалните мрежи во кампања за рак на дојка

Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка и многу организации спроведуваат кампањи со кои ги поттикнуваат жените што почесто да си ги самопрегледуваат градите и укажуваат на важноста на раното откривање на оваа смртоносна болест.

Но, додека многу кампањи за ракот на дојка поминуваат незабележани или се игнорирани од претставничките на понежниот пол, Фондацијата за рак на дојка од Сингапур лансираше фотографии кои ќе ве подзамислат.

За целите на кампањата се користи огромната популарност на социјалните мрежи. На фотографиите, препознатливите логоа на Facebook, Twitter и Instagram се модифицирани така што во нив се вклучени раце кои прегледуваат дојки.

Фотографиите порачуваат жените редовно да си ги проверуваат градите со цел навреме да ги забележат и најмалите промени.

Не е крај на светот да ги пропуштиш најновите пораки од твоите пријатели. Но, за многу жени ракот на дојка е. Проверувањето колку лајкови имаат твоите фотографии не е прашање на живот или смрт, но ракот на дојка често е. Нема да ти наштети ако не ги провериш најновите статуси. Но, ракот на дојка може да ти наштети, дури и да те убие.

Скратете го времето кое го минувате онлајн за да си направите самопреглед. Таа одлука може да ви го спаси животот.

Кампања за рак на дојка Кампања за рак на дојка Кампања за рак на дојка Кампања за рак на дојка

Фондацијата апелира до трите компании Facebook, Twitter и Instagram привремено да ги променат своите логоа и во текот на октомври да ја поддржат кампањата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10401 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.