Почетна » Новости » Занимливости » Куче му го спаси животот на новороденче

Куче му го спаси животот на новороденче

Куче ги освои симпатиите на илјадници луѓе низ целиот свет откако спаси мало девојче. Младо семејство од Портланд вечно ќе му биде благодарно на кучето Дјук, кое ја спасило нивната ќерка, родена пред само 9 недели.

ДјукКучето Дјук

Во неделата вечерта, откако Џена Брусеу и нејзиниот сопруг си легнале да спијат, кучето Дјук се качило на нивниот кревет и започнало неконтролирано да се тресе.

„Тој е многу послушен, па тоа беше екстремно бизарно“ – изјавила Џена. Младите родители веднаш знаеле дека нешто не е во ред и се стрчале во собата на малата Харпер. Нивната ќерка не дишела.

Сопругот на Џена повикал брза помош. Откако медицинските лица ја оживеале Харпер, таа била пренесена на болница.

Џена и ХарперЏена и Харпер

Џена вели дека единствената причина поради која го споделува ваквиот настан со медиумите е да ги поттикне луѓето да вдомуваат бездомни кучиња. Дјук бил спасен од нив пред шест години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.