Почетна » Новости » Занимливости » Краток филм за маж кој спаси напуштено куче, а тоа му го спаси животот за возврат

Краток филм за маж кој спаси напуштено куче, а тоа му го спаси животот за возврат

Животната приказна на Ерик О’Греј и неговиот најдобар пријател, кучето Пити, ќе ви разбуди силни емоции. 56-годишниот маж го посвоил Пити од засолниште за животни, а за возврат Пити му го спасил животот.

Видео

Во 2010 година, докторите му соопштиле на 51-годишниот Ерик дека има најмногу 5 години живот поради лошата здравствена состојба. Тој тежел 155 кг, страдал од дијабетес тип 2, имал висок крвен притисок, покачено ниво на холестерол и му било тешко да се движи. Поради дебелината, О’Греј се чувствувал непријатно околу луѓе.

Ерик одлучил дека е крајно време целосно да се промени откако неговиот авионски лет бил одложен, бидејќи тој не можел да го закопча сигурносниот појас поради дебелината.

Кога стапил во контакт со нутриционист, првата препорака која ја добил била да посвои куче за да му помогне да стане поактивен и подруштвен. Благодарение на тој совет, Ерик добил незаменлив пријател – Пити.

Прошетките со кучето Пити му помогнале на Ерик да намали речиси 65 кг од својата тежина, да се ослободи од дијабетесот и да стане подобра личност. „Пити ме научи што значи апсолутна лојалност. Ме гледаше, во секоја смисла, како да сум најдобрата личност на планетата. Одлучив дека сакам да бидам личноста која тој мислеше дека сум“ – вели Ерик во видеото снимено за програмата „Mutual Respect“.

Ерик О’Греј Ерик О’Греј

За жал, дружењето на Ерик и Пити не траело многу долго, зашто верниот миленик починал од рак.

Ерик О’Греј

По краток период на тагување, Ерик одлучил дека е момент да посвои ново куче. Така, во неговиот живот влегло кучето Џејк, со кое сега редовно тренираат заедно.

Ерик О’Греј

Ерик вели дека никогаш нема да го заборави пријателот кој го врати во живот. „Благодарение на Пити се будам секој ден сакајќи да бидам најдобрата личност која можам да бидам. Тој комплетно ме промени. Сега си размислувам кој кого спаси. Дали јас го спасив него или тој ме спаси мене“ – вели Ерик на крајот.

Ерик О’Греј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11375 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.