Почетна » Новости » Занимливости » Кратка листа на маж која е хит онлајн: „Причини поради кои плаче жена ми“

Кратка листа на маж која е хит онлајн: „Причини поради кои плаче жена ми“

На мажите им е тешко да ги разберат женските емоции, особено во чувствителните денови од месецот (ПМС). Сопруг решил во текот на еден месец да ги запишува причините поради кои плачела неговата сопруга откако заклучил дека таа рони солзи буквално за сè.

Блогерот Арон Гилис и неговата избраничка Лекс се во брак само една година. Но, на Арон не му требало долго време за да сфати колку е емотивна неговата сакана.

Откако запишал сè што ја расолзувало Лекс во текот на еден месец, Арон листата ја објавил на Twitter, а потоа и на Imgur, без да очекува дека таа ќе стане вистински хит онлајн. „Мојата сопруга плаче апсолутно за сè. ЗА СЀ. Па, започнав да ги запишувам причините“ – пишува тој во описот на Imgur.

Причини поради кои мојата сопруга плаче:

  1. Дозна дека лебедите можат да бидат геј и помисли дека тоа е многу мило.
  2. Беше мамурна и виде фотографија од прасенце.
  3. Чекав додека да се стемни и се преправав дека сум Бабадук (лик од хорор филм).
  4. Мекото зајаче ѝ избега на арктичка лисица во документарец.
  5. Немаше бисквити дома.
  6. Се потсети дека лебедите можат да бидат геј.
  7. Се обидов да ја држам за рака кога не го очекуваше тоа.
  8. Ѝ зготвив вечера по долг ден.
  9. Гледаше видео за куче.
Листа на Арон Гилис

Се разбира, Арон ја објавил листата со дозвола на својата сакана, но не очекувал дека таа ќе стекне толку голема популарност. „Мислев дека ќе добијам 12 ретвита од лица кои ја познаваат Лекс во вистинскиот живот и знаат каква е. Не мислев дека ќе биде нешто толку големо. Но, многу луѓе се пронајдоа во листата, можеби емотивноста е нешто за коешто луѓето не зборуваат отворено, па кога видоа дека некој го покажува тоа започнаа големи дебати“ – рекол Арон.

Арон Гилис и Лекс

„Многумина искоментираа дека Лекс е бремена или дека има емоционални проблеми, но работата е што таа е само чувствителна душа. Мојата сопруга едноставно е плачка. Некои луѓе се такви“ – додал тој.

Лекс Арон Гилис

Арон предизвика лавина од коментари во кои и други мажи споделија слични причини поради кои плачат нивните сакани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.