Почетна » Новости » Занимливости » Кој навистина е главен во џунглата: лавот или лавицата?

Кој навистина е главен во џунглата: лавот или лавицата?

Можеби лавот се нарекува крал на животните, но дури и тој ја наведнува главата кога лавицата има нешто да каже.

На интересните фотографии се гледа како лав плашливо ја наведнува главата додека лавицата предупредувачки рикнува над него.

Лавот Лук и разлутената лавица

Причината за таквата реакција на лавицата е што лавот во текот на игра со нивното лавче, го превртел малечкото на земја.

На фотографиите снимени во зоолошката градина во Вашингтон се гледа како малото лавче најпрво ја гризе опашката на својот татко за да го привлече неговото внимание.

Лавот Лук и неговата ќерка ЛусакаЛавот Лук и неговата ќерка Лусака

Потоа лавот се вклучува во играта и започнува да го брка лавчето, брзо го стигнува и продолжува да си игра со него. Нивната игра била прекината од лавицата која заштитнички скокнала во одбрана на своето малечко. Изгледа како да сака да му каже на лавот: „Не биди толку груб со детето!“.

Лавот Лук и неговата ќерка Лусака Лавот Лук и неговата ќерка Лусака

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.