Украинка го освои светот со неодоливи цртежи за огромната љубов на татко кон малата ќерка.
Снежана Суш, која е мајка на 9-годишно дете, вели дека нејзините илустрации прикажуваат каков татко посакува да имала.
„Отсекогаш сакав со мојот татко да имам врска полна со нежност и љубов, но тој не знаеше како да ја покаже неговата љубов, па во најголем дел од времето беше далечен и ладен. Набљудував други татковци со нивните ќерки и го обожавав секој нежен момент кој тие го имаа. Мислам дека го цртав она што ми недостигаше и што го посакував – да сум сакана и заштитувана од мојот голем тато“ - објаснила Суш во интервју за Huffington Post.
„Се надевам дека татковците ќе видат колку се важни во животот на нивните деца, ќе се чувствуваат ценети и ќе бидат инспирирани да ја покажат нивната љубов и топлина. Исто така, сакам да кажам дека вистинската сила се покажува преку љубов и нежност“ - дополнува Суш.
„Дотерај ме, малечка“


Ја учам да ги гледа „невидливите луѓе“

Кога сивиот облак ќе се сретне со сонцето

Рани кои можам да ги излечам
Сепак, ќе дојде време кога таа ќе биде повредена на друго место и се надевам дека ќе бидам таму за да го видам тоа не преку гребнатинка или модринка, туку преку нејзината полунасмевка и отсуството на искра во нејзините очи.

Некои нешта ме плашат, но сè уште не е дојдено време за тоа

Дури и најсилните мажи понекогаш се чувствуваат тажни и беспомошни и слаби

3 мечиња

Најтешката задача како родител – да ја заштитиш од светот

Прва помош: нејзиниот допир ги лечи моите рани – внатрешни и надворешни

Ќе бидам твојата сенка

Кога ќе се вратиш од работа и ќе видиш дека заспала додека те чекала

Кога ќе претераш со роденденските подароци

Заспивање покрај телефон со приспиваната песна на тато дури и кога е на пат

„Тато, готов си?“ Посетата на WC не е иста

Најслатката дремка

Растењето може да буди и тага
