Почетна » Новости » Занимливости » „Кога ќе го видиш твоето прво дете, ќе сфатиш што е најважно во животот“: Тренер му одржа лекција на новинар

„Кога ќе го видиш твоето прво дете, ќе сфатиш што е најважно во животот“: Тренер му одржа лекција на новинар

Некои личности знаат да нè научат на скапоцени животни лекции кога најмалку очекуваме.

Тренерот Шарунас Јасикевичиус сред прес-конференција му одржа токму таква лекција на упорен новинар кој го праша што мисли за отсуството на кошаркарот Аугусто Лима од тимот во текот на полуфиналните натпревари за да присуствува на раѓањето на неговото дете.

Јасикевичиус го замолчи младото момче објаснувајќи му дека ништо на овој свет не е поважно од децата и дека раѓањето на нов живот е највеличественото нешто на светот. Погледнете го видеото и прочитајте го нивниот дијалог:

Новинарот: Тренеру, што мислите за заминувањето на Аугусто Лима сред серија за да присуствува на раѓањето на неговото дете?

Тренерот: Што мислам? Па, јас му дозволив да оди.

Новинарот: Но, дали е нормално играч да го напушти тимот за време на полуфиналето?

Тренерот: Дали имаш деца? Кога ќе имаш свои деца младичу, ќе сфатиш. Бидејќи тоа е врвот на човечкото постоење. Wow, ова е навистина добро прашање. Дали сметаш дека кошарката е најважното нешто во животот?

Новинарот: Не, но полуфиналето е важно...

Тренерот: На кого му е важно?

Новинарот: На екипата.

Тренерот: На која екипа?

Новинарот: Жалгирис.

Тренерот: Дали го гледаш бројот на фанови на натпреварот? Важно? Кога ќе го видиш твоето прво дете, ќе сфатиш што е најважното нешто во животот. Дојди и ќе разговараме тогаш. Бидејќи ништо не може да биде повеличествено на светот од раѓањето на дете. Верувај ми. Ниту титулите, ниту ништо друго. Аугусто Лима во моментов е во рајот, емоционално. Навистина сум среќен за него.

Кошаркарот Аугусто Лима објави дека му се роди ќерка пред два дена, а на Twitter го сподели видеото од Шарунас и му се заблагодари за поддршката.

„Постојат многу различни луѓе и различни тренери, но овој човек е неверојатен... и на и надвор од теренот. Ти благодарам тренеру“ – напиша Лима.

A post shared by Augusto Lima (@augustolima7) on

Видеото од Јасикевичиус е вирален хит на интернет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12010 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.