Приказната за баба Ирма од Италија го обиколува светот. 93-годишната старица докажа дека возраста не е пречка кога имаш желба да им помагаш на другите и отпатува во Кенија за да волонтира во сиропиталиште и да им носи насмевка на децата без родители.
Фотографиите од нејзиното патување ги споделува внука ѝ Елиса на социјалните мрежи.
„Ова е баба ми Ирма, 93-годишна девојка која вечерва одлета за Кенија. Не, не оди на одмор во некое туристичко село каде ќе биде разгалувана, туку таа замина на 3-неделно патување за да им помага на деца во сиропиталиште. Ви раскажувам за неа, бидејќи таа верува дека секогаш треба да внесуваме адреналин во нашите животи, за да живееме, а не за да преживееме. Погледнете ја.... кој може да ја запре? Ја сакам“ – напиша Елиса во описот на фотографиите од баба ѝ направени на аеродром, на кои таа со едната рака влече куфер, а со другата се потпира на својот бастун.



Ирма го изгубила својот сопруг во младоста и останала вдовица на само 26 години.
Таа е одличен пример за своето семејство, бидејќи внука ѝ Елиса, следејќи ги нејзините стапки, се фокусира на потпомагање на сириски бегалци. „Баба ми отсекогаш го сакаше животот и никогаш не запираше. Таа го посвети својот живот на семејството и на помагањето на луѓето околу неа. Отсекогаш беше одличен пример за мене“ – вели девојката.





