Instagram ѕвезда визуелно покажува зошто треба да заборавите на вагата. Преку фотографии за споредба, Ариел Манделсон укажува на фактот дека можете драстично да си го подобрите изгледот, а телесната тежина да ви остане непроменета.
Фотографиите се направени во период од две години, а и на двете таа има 57 килограми.







Девојката од Лос Анџелес била зависничка од дрога и алкохол, но се ослободила од пороците во 2016 година. Денес, Ариел е вистинска инспирација за многу девојки кои копнеат да изгледаат фит.
