Почетна » Новости » Занимливости » Катерина Скорсоне со трите ќерки на насловната на „Parents“, зборуваше за животот со дете со Даунов синдром

Катерина Скорсоне со трите ќерки на насловната на „Parents“, зборуваше за животот со дете со Даунов синдром

Катерина Скорсоне нема намера да го оживува митот дека е лесно да се биде мајка на три деца, од кои едното има Даунов синдром.

39-годишната актерка сними фотосесија за „Parents“, а во интервјуто зборуваше за животот по разводот од поранешниот сопруг Роб. Ѕвездата од „Grey’s Anatomy“ е категорична дека е потребно „цело село“ за да се израсне дете. Катерина сега смета на поддршката од нејзините две сестри, кои често се во нејзиниот дом за да ѝ помагаат со трите ќерки.

Катерина Скорсоне

„Никогаш не би го оживувала митот дека е лесно. КОВИД-19 ги принуди луѓето да разберат колку е тешко да се работи и да се биде родител. Сестра ми и мојата дадилка ги вложија нивните таленти во моето семејство додека јас ги вложив моите во шоуто. Моите децата гледаат дека сето тоа е важно“ – вели актерката позната по улогата на Амелија Шепард во „Grey’s Anatomy“.

Катерина Скорсоне

Катерина е гласен застапник за лицата со Даунов синдром и ја користи секоја прилика за да ја подигне свеста кај луѓето за ова нарушување. Таа вели дека научила многу од ќеркичката Пипа и дека дури по нејзиното раѓање, открила колку ограничен живот имала претходно.

„Преку Пипа, ги открив даровите на заедницата. На почетокот, бев исплашена. Но, родителите на други деца со посебни потреби ми станаа како семејство. Тоа се моменти на ранливост во кои или стануваме ограничени или прифаќаме дека имаме потреба од други луѓе“ – рекла таа.

Катерина Скорсоне

„Мускулатурата на устата и јазикот на Пипа е помалку развиена, па ѝ требаше малку подолго време за да го развие експресивниот говор. Но, ја научивме Пипа рано на знаковен јазик и понекогаш сè уште го користи за да ја искаже својата поента. Таа разбира многу повеќе отколку што многумина претпоставуваат, а сега започнува да цути и нејзиниот вокабулар“ – објаснила Катерина за 4-годишната Пипа.

Катерина Скорсоне

Катерина е мајка и на деветгодишната Елиза и на едногодишната Лаки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.