Почетна » Новости » Занимливости » Како ефикасно да се справите со болното грло во сезоната на настинка и грип?

Како ефикасно да се справите со болното грло во сезоната на настинка и грип?

Со првите постудени денови во годината, почнува и сезоната на настинки. Еден од симптомите кои ни даваат до знаење дека имунитетот ни е ослабнат и сме подложни на понатамошни компликации е болката во грлото и отежнатото голтање. Повеќето случаи на болно грло кај возрасните и децата се предизвикани од вируси, па затоа антибиотиците во овој случај не се ефикасни и се препорачува соодветна терапија која брзо ослободува од болки во грлото.

Септолете Тотал

За да се ослободите што побрзо од оваа непријатна состојба, потребно е брзо да реагирате со целосен третман кој ќе ги олесни болката и воспалението во грлото, но и ќе ја отстрани причината за инфекција.

Септолете Тотал со неговата единствена формула со ТРОЈНО ДЕЈСТВО, овозможува целосен третман за болното грло.

Благодарение на бензидамин (аналгетик) кој ја ублажува болката и го намалува воспалението и цетилпиридин кој ја отстранува причината за инфекција (вируси, бактерии, габички), Септолете Тотал има ТРОЈНО ДЕЈСТВО неопходно за лекување на сите симптоми на болното грло (болка, воспаление, жарење, црвенило и оток). На овој начин, не ги ублажувате само симптомите туку и активно делувате на причинителот на инфекцијата.

Секако, при првите симптоми на настинка, освен Септолете Тотал, добро е да пиете и многу течности, да земате витамини и по можност да останете дома со некој филм кој ќе ве опушти и ќе го подигне вашето расположение.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11128 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.