Почетна » Новости » Занимливости » Каква шминка мразат мажите?

Каква шминка мразат мажите?

Жените одделуваат голем дел од своето време за да си ги разубават лицето и косата со козметика. Понекогаш козметичките трансформации кои ги прават се успешни и предизвикуваат воодушевување, но понекогаш се одбивни.

Лоша шминкаШминката на Хајди Клум и Кристина Агилера не изгледа привлечно за машкото око (ниту пак за женското)

Познатиот портал Yahoo побара мислење од мажите кои стојат зад некои од најпознатите светски машки сајтови и списанија за да открие што мразат мажите кај шминката. Еве дел од заклучоците:

  1. Премногу пудра. „Дебелиот слој пудра е одбивен. Никој маж не сака да бакне девојка на образ и потоа да открие дека и тој носи пудра“ – изјавил уредник на списанието Maxim.
  2. Неонски усни. Еден од најголемите трендови оваа сезона е усни со кармин во неонски бои. Целиот моден свет ќе се согласи со тоа, но мажите – не.
  3. Претенки веѓи. „Тоа во основа е реклама дека природно си повлакнеста од Робин Вилијамс. Ако изгледаат природно, никогаш нема да имаме потреба да се запрашаме за тоа“ – остро изјавил друг уредник на Maxim.
  4. Сенки за очи во силни бои. Очигледно мажите велат „не“ и за сенките во светло сина, жолта или јака розова боја, иако признаваат дека во ретки случаи може да изгледаат убаво.
  5. Розови образи. „Што се однесува до шминката, мислам дека руменилото е за стари жени. Мажите генерално претпочитаат шминка која не се забележува“ – изјавил уредник на The Good Men Project.
  6. Оцртани усни со темно моливче. Моливчето за усни треба да одговара на бојата на карминот. Во спротивно, мажите веднаш го оценуваат негативно. (Замислете си, розов кармин со црно моливче... најголема мејкап грешка).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.