Почетна » Новости » Занимливости » Исмејувано девојче со аутизам има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

Исмејувано девојче со аутизам има повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн и Хокинг

Запознајте ја Адара Перез Санчез, девојче со коефициент на интелигенција повисок од оној на Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Адара Перез Санчез

11-годишната Мексиканка, која има аутизам, била исмејувана од децата на училиште и била нарекувана „чудак“ само затоа што била поразлична од нив.

Адара честопати заспивала на часовите, па нејзината учителка ѝ велела на мајка ѝ Нали дека има проблеми со учењето. Но, Нали знаела дека ќерка ѝ е уникатна. Таа самата имала научено алгебра и го знаела периодниот систем на елементите, па претпоставила дека можеби поради тоа ѝ е здодевно на училиште.

Посакувајќи го најдоброто за ќерка си, Нали одлучила да ја испрати Адара на терапија, а по препорака од психијатар, таа била тестирана од институт за талентирани деца. Се покажало дека таа е надарено дете со коефициент на интелигенција (IQ) од 162.

Адара Перез Санчез Адара Перез Санчез

Адара е вистински генијалец. Таа заврши средно училиште на 8-годишна возраст, а сега сонува да биде астронаут и еден ден да работи за НАСА.

„Сакам да одам во вселената. Ако не ти се допаѓа каде си, замисли каде сакаш да бидеш. Себеси се гледам во НАСА и вреди да пробам“ – вели таа.

Адара Перез Санчез Адара Перез Санчез

„Дојдовте во животот за да бидете среќни и за да си ги остварите соништата без разлика на околностите во кои ќе се најдете. Летајте толку високо додека не ги допрете ѕвездите“ – пишува таа на Instagram.

Адара Перез Санчез Адара Перез Санчез

Иако Ајнштајн и Хокинг немаат направено тест за интелигенција, проценето е дека нивното IQ е 160.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.