Почетна » Новости » Занимливости » Исланд е првата земја во светот која со закон ја изедначи платата на мажите и жените

Исланд е првата земја во светот која со закон ја изедначи платата на мажите и жените

Од први јануари 2018 година во Исланд официјално е нелегално за истата работа мажите да бидат повеќе платени од жените.

Исланд е првата земја во светот која со закон ја изедначи платата на претставниците на посилниот и понежниот пол беа разлика во која индустрија работат.

Еднаква плата

Во последните девет години, Исланд е рангирана како земја со најголемо ниво на родова еднаквост во светот од страна на Светскиот економски форум.

Во парламентот на Исланд речиси 50% се жени, а жена стои на местото премиер – Катрин Јакобсдотир. Нивната влада се стреми целосно да го искорени јазот во платите до 2022 година.

Еднаква плата

Компаниите со над 25 вработени се обврзани да поседуваат сертификат од владата кој гарантира дека тие исплатуваат еднаква плата. Во спротивно, следуваат големи казни.

Работодавачите сè уште ќе имаат опција да ги наградуваат вработените за нивната ефикасност и продуктивност, но мора да докажат дека разликата во платата не се базира на родот на личноста.

„Ова е механизам кој ќе обезбеди мажите и жените да бидат платени исто. Жените зборуваат за овој проблем со децении и сметаме дека успеавме да ја подигнеме свеста и дојдовме до период кога луѓето започнаа да сфаќаат дека легислативата која ја имавме не функционираше, па потребни ни беа нови методи“ – истакнуваат од Исландската асоцијација за правата на жените.

Во однос на родовата еднаквост во платите, според извештај на Светскиот економски форум, Македонија стои на 73. место во светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.