Почетна » Новости » Занимливости » Искрена љубов: Слатки фотографии од дечиња кои ги запознаваат своите новородени братчиња и сестричиња

Искрена љубов: Слатки фотографии од дечиња кои ги запознаваат своите новородени братчиња и сестричиња

Нема ништо послатко од моментот кога поголемите братчиња и сестрички ќе го запознаат новото бебенце кое доаѓа во семејството. Фотографка која овековечува стотици породувања годишно ги сподели најдобрите фотографии од тие специјални моменти.

На крајот од 2019 година, Моне Никол одлучи да склопи колекции во кои ќе бидат вклучени нејзините најдобри дела за годината која изминува. Погледнете ја колекцијата „Братчиња и сестричиња“:

Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол

„Во изминатите 12 месеци, документиравме многу прекрасни приказни за раѓањето на нов живот и возбудена сум што можам да склопам колекции со некои од моите омилени моменти. Кога ќе помислам која колекција сакам да ја споделам прва, веднаш знам дека тоа е ‘Братчиња и сестричиња’, бидејќи не можете да добиете ништо послатко од ова.“

„Многу од нас гледаат на раѓањето на второ дете со малку страв и тага. Знам дека овие прашања ми се вртеа и мене во мислите: ‘Дали ќе бидам способна да го сакам второто бебе исто колку првото?’, ‘Дали поголемото братче или поголемото сестриче ќе биде во ред?’, ‘Дали нашите малечки ќе се поврзат?’.“

„Возбудена сум што можам да споделам фотографии од братчиња и сестричиња на породувањето или непосредно по него. Сакам родителите кои очекуваат принова да знаат дека ќе биде повеќе од во ред. Децата се многу флексибилни и денот кога ќе го запознаат вашето ново бебе е исто така и ден кога ќе запознаат еден од своите најдобри пријатели за целиот живот“ – пишува Моне.

Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол Моне Никол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.