Почетна » Новости » Занимливости » Инспирирани од Јапонците, ученици од основно училиште во Софија сами си ги чистат училниците

Инспирирани од Јапонците, ученици од основно училиште во Софија сами си ги чистат училниците

Ученици од софиското основно училиште „Академик Михаил Арнаудов“ сами си ги чистат училниците инспирирани од нивните врсници во Јапонија.

Дете

За време на големиот одмор, двајца дежурни ученици ги собираат отпадоците од училницата, ја проветруваат просторијата и се грижат за комфорот на соучениците. Иницијативата започнала во еден клас по предлог на родител за време на родителска средба, но брзо се проширила во сите паралелки од 3-то и 4-то одделение.

Дете

„Иницијативата за одржување на чистотата во училницата започна по предлог на еден од родителите за време на средба за сплотување на колективот. Тоа доведе до поголема чистота во просториите затоа што децата знаат дека нивен соученик треба да чисти и се стремат да не прават многу неред“ – изјавил директорот на училиштето Дијан Стаматов, кој се надева дека иницијативата ќе ги опфати сите одделенија.

Видео

На учениците, методот им го објаснил заменик-директорот, кој низ игра ги поттикнал децата да го прифатат чистењето како забавна активност. „Беше многу забавно! Прво им покажав како се работи со кофа, која беше со две капачиња кои се отвораат. Изигрувавме дека тоа е животно кое го јаде целото ѓубре. Потоа на ред дојде метлата, па летав малку низ собата како Хари Потер. Тие навистина се инспирираа и ја примија идејата како забавна игра“ – рекол тој.

Венцислав Добруџалиев, класниот раководител на одделението кое прво започнало со методот, вели дека целта е децата да стекнат добри навики кои подоцна ќе ги пренесат и дома:

„Целта на оваа иницијатива е децата да се чувствуваат удобно и комфорно во училницата. Оваа идеја низ годините беше малку подзаборавена, но мислам дека е убаво децата да бидат задолжени за редот во училницата, затоа што тоа е важно за нивниот комфор и општо за целиот учебен процес. Тоа се пренесува и дома, а кога децата чистат, тие одржуваат почисто“ – рекол тој.

Дете

Откако се прошири оваа вест на социјалните мрежи во Бугарија, интернет корисниците брзо побрзаа да заклучат дека ова не е по јапонски метод, туку дека ова било сосема нормално во минатото на овие простори. И кај нас, постарите ќе се сетат дека во минатото имаше дежурни ученици и хигиеничар, кои беа задолжени за редот и хигиената во училницата.

Инаку, децата во Јапонија сами си ги чистат не само училниците, туку и целото училиште, вклучително и тоалетите. Голем број од училиштата дури немаат ни вработени хигиеничари кои ќе ја вршат таа задача. Тие се делат на групи и го прават тоа секојдневно. На тој начин, детето учи да се грижи за хигиената, да работи во група и да го цени трудот на другите.

За јапонските деца чистењето не е казна, туку забавна и секојдневна обврска.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.