Почетна » Новости » Занимливости » Иновативни Eucerin производи кои го спречуваат губењето на косата

Иновативни Eucerin производи кои го спречуваат губењето на косата

Разложена на своите индивидуални компоненти, косата едноставно е спој од кератин влакна, сулфур, вода и масти. Меѓутоа, таа има огромно лично значење и за повеќето жени косата е најважниот симбол на женственоста. Поголемиот дел од луѓето кои посетуваат дерматолог поради проблеми поврзани со скалпот или косата, го прават тоа бидејќи се соочуваат со губење на косата. Во повеќето случаи, проретчената коса е наследна состојба.

Eucerin® разви производи за нега на косата и скалпот, особено за скалп со проретчена коса: Eucerin® DermoCapillaire Re-Vitalizing шампонот и Eucerin® DermoCapillaire тоникот за третман на скалпот ги намалуваат микро-воспаленијата на скалпот и ги обновуваат фоликулите на косата со цел да се продолжи нејзиниот животен циклус и да се спречи нејзиното проретчување.

Eucerin DermoCapillaire Re-Vitalizing шампон и тоникEucerin DermoCapillaire Re-Vitalizing шампон и тоник

Ексклузивната комбинација на активни состојки, помага да се намалат микро-воспаленијата, да се забрза процесот на растење на косата и забави процесот на ретчење. Состојката Ликохалкон А го ослободува скалпот од микро-воспаленија и го спречува намалувањето на фоликулите на косата, што резултира со оптимизација на условите на скалпот за забрзан раст на косата.

Карнитин и креатин – супстанции кои природно се наоѓаат во телото – се содржани во Eucerin® DermoCapillaire Re-Vitalizing шампонот и тоникот за третман на скалпот за подобрување на снабдувањето со енергија на фоликулите на косата. Додека карнитинот го активира метаболизмот на фоликулите на косата за зголемување на производството на енергија, креатинот овозможува складирање на енергијата која е произведена (докажано од страна на ин-витро тестови). Како резултат на тоа, фоликулите имаат повеќе енергија на располагање за клеточната делба или кератин синтеза. Фазата на растење се пролонгира и процесот на ретчење на косата се забавува.

Eucerin® DermoCapillaire Re-Vitalizing шампонот ја чисти косата со многу благи сурфактанти. Во комбинација со Re-Vitalizing третманот за скалпот помага да се стимулираат фоликулите на косата, како и да се стимулира кератин синтезата и да се поддржи растот на косата. Употреба: Мијте ја косата секојдневно, ако е потребно, оставете да се впие, а потоа исплакнете темелно.

Eucerin® DermoCapillaire Re-Vitalizing третманот за скалп – овој тоник го релаксира скалпот, ги намалува микро-воспаленијата, ја спречува минијатуризацијата на фоликулите на косата и помага да се одложи процесот на губење на косата. Употреба: Нанесете директно на сув или влажен скалп и масирајте кратко. Не плакнете. По нанесувањето, косата може да биде оформена како и обично. Препорачливо е да се користи дневно со или без претходно миење на косата. Ако е потребно,производот може да се применува два пати дневно, наутро и навечер.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.