Почетна » Новости » Занимливости » Идентични близначки вљубени во идентични близнаци живеат заедно и ги збунуваат соседите

Идентични близначки вљубени во идентични близнаци живеат заедно и ги збунуваат соседите

Идентични близначки истовремено ја пронајдоа својата љубов и тоа во двајца браќа, кои исто така се идентични близнаци.

Сестрите Ванеса и Кериса сега живеат заедно со своите момчиња Лукас и Јакоб и ги збунуваат соседите кои не можат да ги разликуваат.

Близнаци

„Со сестра ми пораснавме како најдобри пријателки и секогаш бевме една покрај друга. Не ни сонувавме дека ќе се заљубиме во браќа близнаци“.

„Приказната за нашето запознавање навистина е една на милион. Една од моите клиентки, која е медицинска сестра, го лекуваше Лукас во ургентниот центар во болницата. Ми кажа дека тој има брат близнак и дека двете момчиња добро ќе се согласуваат со мене и со сестра ми. Ѝ дозволив да му го даде мојот број и Лукас ми се јави следниот ден“ – раскажала Ванеса.

Двете сестри и двајцата браќа заедно излегле на љубовен состанок и тоа било љубов на прв поглед.

Близнаци Близнаци

„Чувствата се појавија веднаш и многу брзо се вљубивме. Колку повеќе разговаравме, толку повеќе се поврзувавме и чувствувавме како да ни е судено да бидеме заедно“ – рекла Ванеса.

Три месеци по првиот состанок, сите се согласиле дека треба да живеат заедно. Но, иако соседите се збунети од нивната сличност, тие меѓу нив совршено добро се препознаваат.

Близнаци Близнаци

„Сите ние сме најдобри пријатели и одлично се согласуваме. Сега, кога живееме заедно, сме поблиски од кога било“ – велат тие.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.