Почетна » Новости » Занимливости » Идентични близнаци ќе се оженат со идентични близначки на кои истовремено им предложија брак

Идентични близнаци ќе се оженат со идентични близначки на кои истовремено им предложија брак

Идентични близнаци ќе стапат во брак со идентични близначки со кои биле заедно на првиот љубовен состанок и на кои заедно им предложиле брак. По свадбата, двата брачни пара ќе живеат во ист стан.

Идентични близнаци Идентични близнаци

24-годишните близначки Криси и Кејси Бевер викендов ќе стапат во брак со 24-годишните близнаци Зак и Ник Луан. Свадбата на Криси и Зак ќе биде одржана в петок, а свадбата на Кејси и Ник в сабота. Потоа, двата брачни пара ќе имаат заедничка коктел забава.

Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци

„Понекогаш не ми се верува како се случи сето ова“ – рекол Ник.

Ник и Кејси се запознале за време на час по психологија на факултет. Тие одлучиле да ги поканат своите близнаци на првиот состанок и така започнала нивната заедничка авантура.

Идентични близнаци

Двајцата близнаци им предложиле брак на своите сакани минатата година за време на патување во Дирборн, Мичиген.

„Сè се случи истовремено. Ние правиме сè во двојки“ – рекол Зак.

Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци

Сепак, тој тврди дека и покрај поврзаноста, тие се сите различни индивидуи и дека не се постојано заедно. „Ние сме индивидуи. Ние сме сите индивидуи. Работиме различни работи и имаме различни интереси, едноставно се почитуваме меѓусебно поради тие разлики“ – додал тој.

„Ние не сме исти луѓе. Всушност ние сме многу различни, како ден и ноќ, кога станува збор за нашиот карактер. Да, си личиме. Да, имаме слични интереси за некои нешта, но сме различни личности. Постои специјална поврзаност меѓу близнаците, и прекрасно е што имаме некој кој го разбира тоа“ – рекла Криси.

Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци Идентични близнаци

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11140 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.