Почетна » Новости » Занимливости » „Зошто е летото толку тешко за родителите? Затоа што децата денес не знаат сами да се забавуваат“: Искрен текст на една мајка

„Зошто е летото толку тешко за родителите? Затоа што децата денес не знаат сами да се забавуваат“: Искрен текст на една мајка

Иако родители со нетрпение го очекуваат летото за да поминат квалитетно време со своите деца, тие чувствуваат и голем товар дека постојано треба да ги забавуваат децата, на кои честопати им е досадно.

Мајка на Facebook напиша искрен текст за тоа колку се разликуваше детството во минатото од детството денес и стана хит на интернет.

Во текстот, комичарката Кристал Лоуери раскажува колку поопуштени беа родителите во минатото и колку поголема слобода имаа децата. Дружбите, забавата, детската креативност полека исчезнуваат, затоа што, како што вели таа, родителите премногу се фокусирани на безбедноста на децата.

Кристал сподели и фотографија на која нејзините деца седат незаинтересирано во базен.

Деца

Зошто е летото толку тешко за родителите? Бидејќи нештата се променија. Кога ние бевме деца, трчавме низ град од утро до мрак, без никаков надзор.

Наместо мама да нè шлака со крем со заштитен фактор, горевме, а потоа ја лупевме нашата оштетена кожа како змии.

Наместо да имаме разумни закуски, ние возевме со велосипедите до маркет за да купиме полни раце гумени бонбони и лути гуми за џвакање.

Наместо родителите да нè забавуваат, ние тропавме на вратите на нашите соседи и ги викавме надвор за да си играме.

Возрасните во нашите семејства никогаш не знаеја точно каде се наоѓаме, не дека им беше многу гајле. Бевме оставени сами на себе. Склопувавме пријателства. Носевме добри одлуки. Носевме лоши одлуки. Самите си ја создававме забавата.

Читатели, ова не се случува повеќе.

Децата повеќе не играат спонтано со други деца во 2019 година. Премногу е ризично. Ако твоето дете сака да се дружи, тоа мора да биде некој вид организиран спорт или скап еднодневен камп или во игротека каде присуствуваат сите мајки и водат некакви површни разговори за да можат сè да држат под контрола.

И имаме многу причини за да бидеме заштитнички настроени.

Заборавете на лавовите, тигрите и мечките (оф леле!).

Постојат киднапери, страшни криминални документарци за вистински случки, а и кој знае што гледа на својот компјутер момчето кое живее на крајот на улицата! Мораме да ги чуваме нашите деца безбедни. Но, заедно со таа хиперпретпазливост, доаѓа изолација. Заедно со таа хиперпретпазливост, доаѓа претешката одговорност да им правите друштво на вашите деца 24/7. А тоа ИСЦРПУВА.

Родители на 2019 година, дали знаете зошто летото ви е толку тешко? Затоа што вашите деца се залепени за вас ПОСТОЈАНО.

Не беше вака порано. Не се преоптоварувајте себеси! Можеби треба да размислите и за еднодневен камп.

Тоа е сè!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11087 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.