Почетна » Новости » Занимливости » „Знаеме дека се дар од Бога“: Единствената деветорка во светот го прослави 2-риот роденден дома

„Знаеме дека се дар од Бога“: Единствената деветорка во светот го прослави 2-риот роденден дома

Деветте бебиња на Халима Цисе од Мали го прославија својот втор роденден покрај семејството.

Единствената деветоротка во светот ги помина првите 19 месеци од својот живот во болница во Мароко и ова е првиот роденден кој го слави дома. На фотографиите од прославата, петте девојчиња се облечени во бели фустанчиња, додека четирите момчиња носеа кошули и кратки панталони.

Мајката Халима и таткото Абделкадер Арби им организираа забава на тема „Miraculous“, омилениот лик на децата.

Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе Халима Цисе

„Знаеме дека деветорката е дар од Бога. Да се израснат деца не е лесно, дури со едно дете е тешко. Бидејќи сум од Мали, членовите од моето семејство ме поддржуваат да ги израснам децата“ – рече мајката.

Првата деветорка во светот се роди во мај 2021 година, во 30-тата недела од бременоста. Секое бебенце тежело меѓу 450 и 900 грама, па тие морале да поминат месеци во инкубатор пред да си одат дома. Сега, нивната здравствена состојба е одлична.

Халима Халима

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11257 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.